Overblog
Edit post Follow this blog Administration + Create my blog

slavko.zharkov.over-blog.com

slavko.zharkov.over-blog.com

Научно-истражувачки блог на Славко Жарков


Социјалните и економските придобивки од „Стратегијата за југоисточна Европа 2020“ според краткорочен и долгорочен поглед на видување, клучни за Република Македонија

Posted by Научно-истражувачки блог на Славко Жарков on September 9 2017, 14:39pm

        Социјалната политика е многу широк и разновиден спектар на јавна политика, чија главна цел е да обезбеди економски одржлива политика, социјално прифатливо ниво на заштита од разни форми на општествени и индивидуални негативни ефекти врз сите членови на општеството и на тој начин да промовира еднаквост, социјална кохезија и вклученост на сите граѓани подеднакво. Од страна на "недискриминаторскиот карактер" кој го носи со себе, социјалната политика значи дека секоја успешна социјална политика мора по својата природа да носи одреден карактер на позитивна дискриминација, како и да е фокусирана на тој дел од населението што е, всушност, погодено од некои неприлики, и кој има потреби за некои општествени потреби. Сепак, социјалната политика во модерното време излегува од постоечката традиционална дефиниција, грижејќи се за сите граѓани подеднакво и ставајќи акцент на соодносот помеѓу вработувањата, одржливите компании и социјалните примања, наспрема даночните, здравствените и пензиските престации. Соодносот помеѓу добрата мешавина од политики (читај "policy“) за социјална заштита, заштитата на децата од самото нивно раѓање, социјалните престации и помош, еднаквоста помеѓу населението по секаков основ, вработувањата, грижата кон вработените за нивна безбедност и добросостојба, одржливоста на економијата и компаниите кои ја чинат, одржливоста на образовниот систем за креирање на продуктивни вработени и работодавци, мобилноста на работната и образовната сила, како и гаранцијата за пристоен живот по завршувањето на работниот век или прекинувањето на работата по било кој основ, се оние кои што придонесуваат за доближување кон што подобра добросостојба на граѓаните. 

      Разгледувано од недефинициска, туку од имплементирачка гледна точка за државите од Балканскиот полуостров, во развојната политика на „Стратегијата за југоисточна европа 2020“ („ЈИЕ 2020“) оптимистички е наведено дека во периодот до 2020 година, вработеноста на ниво на Балканскиот полуостров, и на другите држави од ЈИЕ регионот треба да достигне ниво на 75% вработеност од сегашните 59%. Националните Влади на сите држави кои што се засегнати со овој процес на унапредување ќе бидат клучни при надгледувањето и имплементацијата на развојните политики и реформи во економијата, вработеноста, и креирањето на нови технологии и методологии за работа. Предвидувањата од оваа Стратегија прогнозираат дека вкупниот БДП на државите од овој регион ќе се зголеми за 0.6% до 2018, а севкупно до 2020 година треба да достигне до 20% зголемен БДП споредбено максималниот достигнат БДП на Европската Унија до 2020 година. 

    За правилен развој и унапредување на социјалната политика и економија во Република Македонија, потребни се активности кои се целосно во согласност со главните цели на пазарот на трудот и општествените предизвици во регионот, најмогу заради тоа што овие две компоненти за македонското општество и социјалната економија на Република Македонија се оние кои би ги унапредиле на посакуваното ниво, а и е забележено дека токму со нив би имало најмногу голем степен на напредок, според потребите и специфичните околности на општеството. Овие компоненти за напредок се тесно поврзани со економскиот и социјалниот модел на развој во Европската Унија. Затоа, Стратегијата за југоисточна Европа 2020“ предлага можни реформи на политиката (policy) за да се промовира заемно признавање на техничките и професионалните вештини и квалификации за усогласување со ЕУ рамката за мобилност на работната сила, при што Република Македонија веќе ги започна првите чекори за взаемно внатрешно усогласување на техничките и професионалните вештини и квалификации. Овој начин на усогласување и унапредување, во годините што доагаат, најверојатно во 2018 година (ако се разгледува според „Стратегијата ЈИЕ 2020“), ќе треба да се усогласи на ниво на целиот регион, во и со сите држави, а посебно е клучно за новиот предизвик со кој се соочуваме сите држави на Европскиот континент. За да се постигне втората етапа, треба да постои значителен простор и можност за квалитетна размена на податоци за да се следат заедничките договорени и внимателно насочени пристапи кон социјалната економија во сите држави и заинтересирани страни во регионот. За целосно успешно унапредување во сферата на социјалната политика и во економијата на државите од југоисточна европа, „Стартегијата ЈИЕ 2020“, има креирано начелни клучни активности за надградба и целосно имплементирање на процесот, предничејќи го начелото на одржливост на социо-економскиот фактор - луѓето во работен однос и компаниите. 

          Тие клучни активности се следниве четири активности:

• Изградба на регионални капацитети за хармонизиран мониторинг на мобилност на работната сила, како и на студентските и ученичките размени, со цел постепено укинување на ограничувањата на пазарот на труд и на вештините и квалификациите во регионот;

Спроведување на претходно споментатите модерни пристапи на пазарот на трудот кои го стимулираат вработувањето, вклучувајќи го и пристапот на флексигурност, а за Република Македонија, заснован на македонскиот пристап и политика за развој, како и креирање на партнерства за слободен транзит и обвивање на пазарот на труд;

Решавање на неформалното вработување т.н. сива економија, преку размена на информации и искуства на државите во регионот, подобрување на меѓусебните односи по ова прашање и создавање на заеднички пристап за успешно решавање во пишана и импелементациска форма.  

• Барометарот за Регионална стапка на професионални вештини и квалификации  е важна алатка која може да придонесе за зајакната регионална мобилност на работната сила, преку оценка на моменталната состојба на пазарот на работна сила во секоја земја од регионот, како и за обезбедување на информации во врска со недостатокот или вишокот на работната сила од страна на различните занимања и работни места. 

     Досега од имплементираното на ова поле, институциите и органите кои се надлежни за овој процес, со информациите добиени од истражувањата со работодавачите, истражувањата со вработените, како и административните податоци, заклучија дека националната агенција за вработување ќе треба да ја процени состојбата на понудата и побарувачката за работна сила од страна на занимањата, вештините и квалификациите во догледна иднина. Врз основа на резултатите од меѓународната анализа за работни вештини, квалификации и занимања која досега е спроведена; занимањата може да се класифицираат во следниве групи според стандардната класификација според Меѓународната организација на трудот, како што се: 1). недостаток на баратели на работа во кој моменталната побарувачка за работни места во една земја или регион во земјата од него не е исполнет, 2). вишок од оние кои бараат работа во која има стапка на невработеност од одделни занимања во една земја или регион во земјата, и 3). рамнотежа на барателите на работа во која има еден натпревар меѓу понудата и побарувачката според видот на вработување. Иако ова досега не е практика и во Република Македонија а и во регионот, според успешни практики во многу држави во светот, резултатите од таа анализа на пазарот на трудот за професиите би можеле да бидат јавно објавувани два пати годишно да се реобновува според новите искажани потреби. Овие резултати во иднина може да бидат и поддржани преку спроведување периодични анализи за предвидливост на трендовите во побарувачката и понудата на работна сила да се идентификуваат за подолг рок (според Меѓународната организација на трудот), како во Република Македонија, така и во регионот. 

     Имено тоа, до крајот на 2018 година, или најдоцна до средината на 2019 година, на регионално ниво треба да се оформат 4 тела за имплементација и следење на стратегијата. Со тоа би се постигнало трослојна добивка и унапредување на регионот на ЈИЕ, најпрво унапредување и заеднички економско-социјален раст на државите подеднакво - надоврзувајќи се една со друга; потоа донесување на благодетите на Европска Унија во државите од ЈИЕ регионот; и конечно утврдување на долгорочни цели за развој кои ќе се имплементираат етапно во годините што следат, а секако, да има и нивно континуирано следење од сите чинители.

        Системот за следење на успешноста на „Стратегијата на југоисточна Европа 2020“ е планирано се користи со мешавина на квантитативни и квалитативни показатели за следење и имплементација на Стратегијата, при тоа што ќе се вклучат во тој систем и прегледите и извештаите како што е опишано погоре. Во длабочината на системот за следење на успешноста, ќе се обезбедат квалитативни проценки за развој на повеќе стратешки препораки (преку системот АРИС - сличен на Европскиот EUROSTAT), и ќе се содржат во среднорочниот (или мулти годишен) преглед. Како што е случај со сето она што е направено за прв пат (прв пат се спроведува таков обемен проект), соочувањето со тешкотиите во имплементацијата на Стратегијата ЈИЕ 2020, како одразот на тесни грла (недобро искоординирани податоци) и обемни предизвици е повеќе од очекуван. Иако е тешко да се предвидат сите можни ризици при спроведувањето на Стратегијата, почетната листа се фокусира на неколку можни предизвици, и препорачува начини за нивно решавање, идентификување, следење и управување кои ќе бидат дел од надлежностите на управување и структурирање на стратегијата од сите инстутиции, државни и недржавни чинители.

          Политиките со одржлив развој, статистички мерените прогнози на среден, краток и на долг рок, заедно со имплементациските чекори, ни се сигурната основа за напредокот кој сакаме да го постигнеме, како држава, но и како граѓани кои живеат, творат, работат, и циркулираат во таа држава. Според стартегијата, и според националните стратегии и планови, грижата за социјално ранливите категории на граѓани, правата на социјално исклучените преку нивно вклучување, постигнувањето на минимум невработеност, како и глобалните: мобилност на работната и на образовната сила на подрачјето на регионот на југоисточна европа, креирањето на единствена база на податоци на институционално ниво, како и признавањето на вештините и способностите преку креирана единствена рамка за нив, се клучните кон кои треба да бидеме насочени за нивен напредок и целосен одржалив развој до 2020 година. Покрај тоа, успешното координирање помеѓу пензискиот систем, здравствениот систем, социјалните придонеси, престациите, постигнатите вработувања, успешноста на работење на компаниите во Републиката, креираната грижа за ранливите категории на граѓани, и вклучување на бездомниците и зависниците од определна зависност, заедно со лицата кои претходно биле лишени од слобода, во системот на државата, би биле приоритетните цели како на краток рок, така на и долг рок, до 2020, т.е. 2025 година, со можност за креирање планови за одржлив нивен раст и развој и во понатамошниот период.

 

To be informed of the latest articles, subscribe:
Comment on this post

Blog archives

We are social!

Recent posts