Overblog
Edit post Follow this blog Administration + Create my blog

slavko.zharkov.over-blog.com

slavko.zharkov.over-blog.com

Научно-истражувачки блог на Славко Жарков


Мои видувања и предлози за социјален и економски напредок за време на вонредната состојба заради коронавирусот(КОВИД19), и по завршување на вонредната состојба до крајот на 2020 година:

Posted by Научно-истражувачки блог на Славко Жарков on April 9 2020, 10:31am

- Поттик и зголемување на домашното производство на храна, земјоделски и индустриски производи, како и на занаетчиството и рачната работа и изработка - преку соодветни програми, мерки за помош кон насочените, како и креирање на национален план - стратегија за домашно производство на храна, земјоделски и индустриски производи преку МЗШВ, а истовремено креирање на регистар за поттикнувачки мерки кон занаетчиите и оние кои се бават со рачна работа (фризери, монтери, водоводџии, електричари, и т.н. други од оваа дејност);
- Зачувување на моменталната стапка на платите, како на приватно, така и на државно ниво на вработените - со нивно ефективно и продуктивно стимулирање , за по вонредната состоба тие (платите) да можат да се зголемуваат и да растат сразмерно, како и самата минимална плата (која сега изнесува 14.500 денари), и полека и сигурно да ги покачуваме платите до крајот на 2020 година, придонесувајќи да вкупниот БДП барем остане на исто рамниште до крајот на 2020 година, а потрошувачката кошница се зголеми без притоа да се зголемат цените на производите;
- Не отпуштање, сегашно дури трае вонредната состојба на ниво на РСМ, но и идно до крајот на 2020 година, на вработените и работниците, како во приватниот сектор, така и во државниот сектор;
- Директна финансиска помош кон приватниот сектор (најмногу на микро, малите и средни компании и за занаетчиите и оние кои работат рачна работа) со финансии за покривање на платите на вработените и придонесите за нив, како и со помош за материјали и други добра  (ова не смее во никој случај да важи за големите фирми, компании - бидејќи тие би можеле да го издржат товарот, притоа и допринесувајќи со свое сопствено финансирање кон државниот буџет);
- Во приватниот сектор каде што ќе се појави потреба од нови вработени, покривање на тие места со луѓето кои досега работеле во странство, а нема повеќе да работат во странство и кои со сигурност 100% ги имаат потребните вештини за работодавчите. пример за ова е Угостителскиот сектор, хотелиерството, кафичите, дискотеките, кафаните и др. каде што ќе има многу вратени келнери, шанкери, и друг персонал од странствво, а со многу добри вештини и квалификации за работните позиции (светски, европски, австралиски, амерички ... признати вештини и квалификации), а типичен пример е ланското барање на охридските угостители да се вработуваат странски вработени, на пр: ирачани, пакистанци и др. бидејќи нашите немале „божем“ вештини и квалификации)   -  (Мерка по завршувањето на вонредната состојба)
Соодветно нивно плаќање.
ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ СЕГА ВЕЌЕ ВРАТЕНИТЕ ОД СТРАНСТВО МЛАДИ - ДОМА во нашата држава со пристојни работни места за сите нив !! ;
- За време на вонредната состојба, задолжување на сите кои поседуваат огромен милионски број на акции, огромен капитал и сопствеништво, и се со компании кои се високо ликвидни - да дадат доброволни финансиски и материјални средства насочени кон нашиот здравствен систем за што подобро справување со ситуацијата (за сите без исклучок);
- Правење на веќе искалкулираното задолжување на нашата држава и враќање на тие пари што побрзо преку развивање на домашната економија, домашното производство на храна, земјоделие, индустриски производи, преку градежниот сектор, и во блиска иднина се надевам: преку машиски компании (новоотворени) кои би дале иновативно производство на нови машини за производство;
- Грижа за социјалните категории на граѓани, редовно исплаќање на социјалната и другите видови на помош, осигурување на здравствената политика, станбеното прашање и политика за овие категории на граѓани;
- Преку волонтерите кои се веќе вклучени во справување со кризава, намалување на степенот на "отворено бездомништвo" и можното ширење на заразата;
- Поддршка во финансии, како и професионално-кариерна поддршка кон нашите херои овие денови: лекарите и медицинскиот персонал, вработените во МВР, АРМ, како и кон волонтерите кои сега се вклучени;
- За сите оние работоспособни поединци кои немаат севкупен месечен приход од 400 евра по лице (преку математичката формула за поединец, а не преку математичката формула за домаќинство), давање државна помош за секое тоа лице онолку колку што му недостасува за да има севкупни месечни примања (приход) до 400 евра месечно; 
- плус по можност и препорачливо задолжение, кога ќе заврши вонредната состојба, креирање на национален план и стратегија за сценарија при нова можна вонредна состојба под сите можни околности и сценарија (се мисли за вонредна состојба заради: медициснки и заразни закани, безбедносни закани, заради природни непогоди, заради мигрантска криза, заради немаштија и сиромаштија, заради недостиг на храна, заради пројавени групни акти на закана кон локално или национално ниво, заради дополнителни други активности).
 Препорачувам и креирање на посебен закон за вонредна состојба кој би се надополнувал со секашните Уставни начела.  

 

To be informed of the latest articles, subscribe:
Comment on this post

Blog archives

We are social!

Recent posts