Overblog
Edit post Follow this blog Administration + Create my blog

slavko.zharkov.over-blog.com

slavko.zharkov.over-blog.com

Научно-истражувачки блог на Славко Жарков


Мои предлози за излегување од сеопштата кризна и вонредна состојба во Република Северна Македонија од енергетски, социјално-економски, финансиски и здравствен аспект

Posted by Научно-истражувачки блог на Славко Жарков on November 10 2021, 19:15pm

Мои предлози за излегување од сеопштата кризна и вонредна состојба во Република Северна Македонија од енергетски, социјално-економски, финансиски, и здравствен аспект:
1. ИТНО замрзнување на цените на еден по широк спектар на сите, на сите ОСНОВНИ производи за домаќинствата, но со цената од месец Август 2021 година;
2. Итно вложување во домашното Македонското производство на: земјоделски, животински(месни, млечни), текстилни, и лесно-индустриски производи, како и каппитално-индустриски производи. За почеток. Понатамошно:Поддршка на производителите, на сите производители од трудово интензивните дејности, но и обезбедување на сигурни домашни и странски пазари за успешно и финансиски исплатливо пласирање на нивните производи Дополнително вмрежување на сите домашни компании со компаниите на Србија и Албанија (основањето на заедничкиот пазар на стоки, услуги, капитал и лица - односно продлабочување на соработката во „Отворен Балкан“ а со цел интегрирање кон Европската Унија)..;
3. Итно и неодложно вложување во РЕАЛНИ И ВИСТИНСКИ капитални инвестиции, како на пример: НОВИ: хидро/термо централи, како и во фотоволтаични панели и ветерници ! Или вложување во нуклеарна централа ! Плус го имаме рудникот АЛШАР на Кожуф планина кој има - поседува единствена руда во европа со потенцијал за нуклеарен погон, и е единствен во Европа таков рудник. Мораме домашна компанија да основаме која ќе ги обработува рудите од овој рудник, а имаме инжењери - експерти во оваа област, но кои се невработени, да ги вработиме. Со тоа и ќе ја намелиме и невработеноста, а ќе ги задржиме „мозоците“ во нашата држава, нели? .... Градењето станбени згради, не се капитални инвестиции, запамтете веќе еднаш.;
4. Итно носење на декрет (наредба) за намалување на увозот во Република Северна Македонија на прозводи кои се произведуваат и во Република Северна Македонија. ;
5. Продолжување на соработката во "ОТВОРЕН БАЛКАН" и предностите кои ги носи за нас како држава, но исто така продолжување на соработката како и со соседите Грција, Бугарија, Косово.;
6. Итно формирање на Економска Дипломатија при Миннистерството за надворешни работи, со разгранета мрежа низ сите држави во светот (без исклучок);
7. Од социјално-економски аспект за грижа кон граѓаните кои живеат во Македонија, и намалување на сиромаштијата преку мерки од социјалната држава, предложувам да итно да ги имплементираме следните:
- Зачувување на моменталната стапка на платите, како на приватно, така и на државно ниво, за по вонредната состојба тие да можат да се зголемуваат и да растат сразмерно, како и самата минимална плата. Сметам дека мораме да го применуваме Германскиот принцип на пресметка на платата, односно како што ќе растат месечните трошоци на грашаните, така и платата по автоматизам да пораснува, за иститот тој процент, а претходно ЗАДОЛЖИТЕЛНО да мораме да ја покачиме минималната плата на 21.000 денари, согласно сегашните услови на живот математички измерени според последните податоци од Државен завод за статистика).;
- Не отпуштање, сегашно и идно на вработените и работниците, како во приватниот сектор, така и во државниот сектор;
- Директна помош кон приватниот сектор (најмногу на микро, малите и средни компании и за занаетчиите) со финансии за покривање на платите на вработените и придонесите за нив;
- Во приватниот сектор каде што ќе се појави потреба од нови вработени, покривање на тие места со луѓето кои досега работеле во странство, а нема повеќе да работат во странство и кои со сигурност 100% ги имаат потребните вештини за работодавчите. (Мерка по завршувањето на вонредната состојба) Соодветно нивно плаќање. ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ СЕГА ВЕЌЕ ВРАТЕНИТЕ ОД СТРАНСТВО МЛАДИ - ДОМА во нашата држава со пристојни работни места за нив !! ;
- Грижа за социјалните категории на граѓани, редовно исплаќање на социјалната и другите видови на помош, осигурување на здравствената политика, како и задолжително обезбедување на станбеното прашање и политика за овие категории на граѓани;
- Преку волонтерите кои се веќе вклучени, намалување на степенот на "отворено бездомништвo" ширум државата, а најмногу во главниот град (бидејќи согласно моите теренски согледувања во главнот град најмногу бездомници се пријавуваат). Сепак, рамномерниот регионален развој мора да биде испочитуван, како и вклученоста на сите градови од сите региони на државата.;
- За сите оние работоспособни поединци кои немаат севкупен месечен приход од 400 евра по лице (поединец), давање државна помош за секое тоа лице онолку колку што му недостасува за да има севкупни месечни примања (приход) до 400 евра месечно. Оваа мерка мој предлог важи само додека трае кризната ситуација, или евентуална вонредна состојба.;
- плус по можност, кога ќе заврши вонредната состојба/кризната ситуација, креирање на национален план и стратегија за сценарија при нова можна вонредна состојба или кризна ситуација под сите можни околности и сценарија;
- За време на вонредната состојба, задолжување на сите кои поседуваат огромен милионски број на акции, капитал и сопствеништво, и се со компании кои се високо ликвидни : да дадат доброволни финансиски и материјални средства насочени за што подобро справување со ситуацијата (за сите без исклучок). Тие средства да се јавно достапни и јавно видливи и да се даваат во склоп на социјалната политика за грижа кон ранливите категориии на граѓани.
To be informed of the latest articles, subscribe:
Comment on this post

Blog archives

We are social!

Recent posts