Posted by Научно-истражувачки блог на Славко Жарков
on
November 10 2021, 19:08pm
Една четвртина бурек во пекара денес чини 70-75 денари. Смешно е но ќе стане сериозно. Цената на месото се предвидува да се покачи 50 проценти иако веќе е покачена.
Зејтинот е повеќе од 100-105 денари, брашното една вреќа веќе се продава со 20 проценти поскапа цена. Сметките за струја не знам колкави ќе бидат, страв ми е да помислам.
Дури и стварно да беше просечната плата 500 евра немаше да се издржи, со реалната плата е невозможно да се пројде месецот.
Инфлацијата се предвидува да дојде до 4 проценти, сега е 2.9 близу 3 проценти. Економијата се одржува вештачки, овие цени се цени на залихи.
Колку ќе бидат после увоз?
Ако народот нема за основни потреби ќе нема ни за во локали, кафичи, дискотеки и ресторани. Намалувањето значи откази и затварање на бизниси. Горивото варира според тоа ќе варира и дел од транспортот. Периодот што следува ќе биде тежок.