Overblog
Edit post Follow this blog Administration + Create my blog

slavko.zharkov.over-blog.com

slavko.zharkov.over-blog.com

Научно-истражувачки блог на Славко Жарков


Споредба на сиромаштијата и социјалната исклученост меѓу урбаните и руралните средини во Република Северна Македонија преку Лаекен индикаторите за сиромаштија и социјална исклученост

Posted by Научно-истражувачки блог на Славко Жарков on November 27 2022, 20:58pm

                                                                       Вовед 

     Сиромаштијата, покрај војната и бедата од болести, претставува една од најпроблематичните и најекспонираните зла во светот, како во минатото, така и во денешниот - дваесет и први век. Познато е дека сиромаштијата била константно присутна во човековата историја, само што нејзиното значење низ времето се менувало. Додека порано, иако повеќето луѓе биле сиромашни и на таа појава се гледало како на нормална појава, денес позицијата на сиромашност е неприфатлива и е постојан предизвик за изнаоѓање начини за нејзино искоренување. Причини за ваквата промена на гледиштата има повеќе, но меѓу нив можеби најважна е причината здобиена со развитокот на човковите слободи и права во која изрично е наведено дека: сите човечки суштества се еднакви и треба да бидат овластени не само со политичките и со граѓанските права, туку и со социјалните права и потреби како што се: квалитетна храна, пристојно засолниште, образование, доволно средства за живот, вработување и лична безбедност[1].

       Во светски рамки, не постои една генерално прифатена дефиниција за сиромаштијата, најмногу заради различните видови на социјални системи и начини на живеење на населението, но најраспространета е дефиницијата според која: сиромаштијата е состојба во која основните човекови потреби се поголеми од можноста за нивното задоволување. Имено, постојат два спротивни и широко прифатени концепта за сиромаштија. Првиот е концепт е концептот за апсолутна сиромаштија[2] и се определува како недостаток на доволни количества храна и вода како основни човекови потреби неопходни за преживување на личноста. Се определува преку границата на преживување, и е прифатен во општеството со низок приход и неразвиена економија. Вториот е концептот за релативна сиромаштија[3] и значи недостаток од ресурси на определени поединци, семејства и групи да практикуваат определен режим на исхрана, да учествуваат во определени општествени активности и да живеат во животни услови коишто се вообичаени за општествата на коишто им припаѓаат”. Всушност вториот концепт се развива по втората светска војна, а второто име по кое се нарекува е социјално исклучување[4], или општествено отуѓување на определен број на лица од општеството, и е карактеристичен за државите со повисок животен стандард. Имено, социјалното исклучување се случува тогаш кога поединецот или определено домаќинство иако гледано географски живее во склоп на заедницата и општеството, но поради причини кои не зависат од него и неговата волја, не е во состојба и можност да партиципира (учествува) во вообичаените активности на граѓаните во тоа општество, а сепак би сакал да партиципира.

        Истражувачите кои што се занимаваат со изучување и научно истражување на релативната сиромаштија, односно на социјалното исклучување поаѓаат од ставот дека луѓето се многу различни од повеќе аспекти, и тоа: помеѓу различните држави во кои живеат, но и помеѓу регионите во склоп на една држава, дека луѓето живеат во општества коишто се разликуваат по степенот на материјалниот развој, но и во однос на разликите во нивните навики и култура. Следствено на тоа е тешко да се дефинираат потребите што би важеле за сите лица подеднакво, како што се на пример потребите од храна, а да не се земе предвид занимањето на едно определено лице, кое претпоставува разлики во внесувањето калории во организмот што се неопходни за извршувањето на некоја работа. Така, минималните и основни потреби што се неопходни за опстанокот на човекот зависат од многу други пропратни фактори и индикатори за благосостојба и се различни во секоја култура, општество, регион во дел од едно општество, но и помеѓу руралните и урбаните области во едно општество како целина.

Со поимањето на релативната сиромаштија и на социјалното исклучување сме поблиску до една реална и поцелосна перцепција и анализа на (не)/сиромашното население. Имено, поимот релативна сиромаштија се однесува на стандардите на едно конкретно општество и во конкретно определено време. Релативните дефиниции упатуваат на индивидуален и групен недостиг на ресурси во споредба со другите членови на општеството, односно нивниот релативен животен стандард. Во целосна смисла на зборот може да се каже дека сиромав е оној кој не располага со доволно средства за задоволување на некои пристојни и просечно - основни потреби, односно има помалку отколку другите лица во една иста заедница[5]. Сепак, подетално во однос на руралните и урбаните области разгледувано, да се биде сиромав во богато општество можеби не е исто што и да се биде сиромав во сиромашно општество, но некои карактеристики и индикатори се заеднички за сите сиромашни, без разлика каде живеат и на кој економски и социјален степен се наоѓа конкретното општество, регион или населба.

[1] Оваа дефиниција е земена според авторите Таусанд, Бушард, Ле Гранд и Д. Пјашо, во нивното дело од 1999 година (стр. 229), а исто така Советот за економски и социјални истражувања при Европската Комисија ја користи истата општо – прифатена дефиницја за социјалното исклучување  

[2] „Разбирање на социјалното исклучување“ , Џон Хилс, Ле Гранд, Д. Пјашо, Лондон 2001, (стр. 39-41) 

[3] Специфичните потреби од социјалните права официјално на светско ниво, прифатливи преку Обединетите Нации се дефинираат во Копенхагеншката декларација за социјален развој, а која што е усвоена на Светскиот самит на Обединетите Нации за социјален развој, во 1995 година    

[4] Според англиските автори Joseph и Sumption, 1979 година, и според авторите Сен и Филипс, 2001 година) 

[5] Дефиниција развиена според авторот Таусенд кој во своето дело „Сиромаштијата во Обединетото Кралство“ го дава постулатот на индикаторите за релативна сиромаштија

 

Сиромаштијата и социјалното исклучување во Македонија – краток приказ

            Република Северна Македонија по своето рангирање во светски рамки, се води како држава во развој со средно ниво на сиромаштија, и со општо прифатена дефиниција за сиромаштија и социјално исклучување. Имено, органот за вршење на анализа и статистика на сиромаштијата и социјалното исклучување - Државниот завод за статистика (ДЗС) на Република Северна Македонија, дефиницијата за сиромаштија ја презема од агенцијата на Европската Унија пандан на ДЗС - Еуростат, според која: за сиромашни се сметаат сите оние лица, семејства, домаќинства и групи на лица чии ресурси (материјални, културни и социјални)[6] се на такво ниво коешто ги исклучува од минимално прифатливиот начин на живеење во државата во која живеат”[7]. Според оваа дефиниција како еквивалент на терминот сиримаштија, се употребуваат и термините:  криза, беда, минимум егзистенција, социјална слабост, минимален животен стандард и слично.

Како и во најголемиот број на држави во Европа, така и во нашата држава најголемиот општествен проблем што се појавува заедно со сиромаштијата е социјалната исклученост. Недостигот од материјални средства многу лесно доведува до: социјално, културно, морално и политичко осиромашување на лицата кои го искусуваат недостигот. Сиромаштијата, како и сите општествени појави, не може да се набљудува изолирано.

           Класичен школски пример за сериозноста на последиците врз развојот на државата од социјалната исклученост и сиромаштија се невработените лица со високо образование. Имено, со самиот факт дека по дипломирањето еден дел, една бројка од овие лица не се вработуваат, а имајќи ги во предвид секојдневните промени во сите стопански сфери на нашата држава, оваа категорија граѓани, или со текот на времето или брзо, ги губат знаењето и професионалните вештини, што доведува и до намалување на нивната работна способност. Така, на овие лица единствено што им преостанува е да работат на пониско квалификувани работни позиции или да живеат од социјална помош. Ова доведува до разочараност, самоповлекување и општествено дисцанцирање, што дополнително им ги намалува шансите за подобар живот. Како резултат на претходното, влегуваат во еден затворен круг, од кој е многу тешко да се излезе, односно овие лица социјално се исклучуваат од општеството. Во согласност со ова, нашата држава инвестира средства и време во целоопфатно образование на граѓаните[8]. Посебно внимание се посветува на ниско квалификуваната група на граѓани, но според сите досегашни анализи бенефиција од тоа на краток рок - нема, туку напротив дополнителен трошок на краток рок. Сепак, се смета дека на подолг рок доброто образование би ја сменило ситуацијата како на високо, така и на ниско квалификуваните лица, односно таа би се подобрила. Моменталната состојба на лицата со пониско образование е многу полоша и тие лица доколку влезат во „затворениот круг на сиромаштија и социјално исклучување“ имаат многу помали, или никакви шанси да излезат од него.

Компаративно, - временски во период од 10 години гледано, нашата држава се соочува до прилично високо ниво на релативна сиромаштија[9]. Па така, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во 2010 година процентот на сиромашни лица во Република Северна Македонија изнесувал 30.9%.[10] Анализирано по профили на лица во сиромаштијата, најранливи групи биле повеќе члените домаќинства имајќи го предвид фактот дека 47.3% од сиромашните живеат во домаќинства со 5 и повеќе членови. Стапката на сиромаштија кај невработените во 2010 година изнесувала 41.8%, односно 44.8% од сите сиромашни биле невработени лица[11]. Покрај тоа, образованието на главата на домаќинството, според Лаекен формулата на ДЗС, исто така, влијае на бројот на сиромашни лица. Имено, во текот на 2010 година 54.7% од сиромашните лица живееле во домаќинства во кои носителот на домаќинството нема образование или пак има завршено најмногу основно образование.

        Споредбено, според податоците во 2016 година, стапката на сиромашни лица во Република Северна Македонија изнесувала 21.9%[12] или пресметано во бројки, 450.500 граѓани биле сиромашни. Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2016 година била 21.2%. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни вработени лица била 9.0%, додека стапката на сиромашни пензионери 7.1%. Според објавените податоци, стапката на сиромаштија во однос на претходната 2015 година имала зголемување на 0,3 проценти, кога сиромашни биле 21,5 отсто[13] од населението или 445.200 илјади граѓани, а намалување во однос на 2014 година кога 22,1 процент или 457.200 граѓани биле сиромашни[14]. Притоа, коефициентот Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите – како една од формулите на Леакен индикаторите)  изнесувал 33,6 проценти за 2016 година. 

 

             Во 2018 година пак според податоците, стапката на сиромашни лица во Република Северна Македонија изнесува 21.9.%[15]. Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2018 година е 22.0 %. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 8.8 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.9 %. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите – како една од формулите на Леакен индикаторите) изнесува 31.9 %[16].

Ваквите погоре наведени и анализирани бројки од анализата на ДЗС за ниво на целата територија на Република Северна Македонија покажуваат дека ризикот од сиромаштија е тесно поврзана со:

 - невработеноста и стапката на невработеност, при што најсиромашни се семејствата/домаќинствата каде има еден или повеќе невработени членови. Според општо прифатената дефиниција стапката на невработеност претставува однос меѓу бројот на невработени лица на возраст меѓу 15 и 64 години и вкупното население од истата возрасна групa, односно вкупната стапка на невработеност претставува учество на невработените лица на возраст од 15 до 64 години во вкупната работна сила;

- зголемувањето на бројот на членовите во едно семејство неконтролирано, кое во голема мера го зголемува ризикот од сиромаштија, како еден од демографските индикатори;

 - степенот на образование, кое истовремено е и еден од поважните фактори што влијаат врз сиромаштијата преку нивото на вештини и квалификации на работоспособното население, но и во аспект на можноста и способноста за одржување на семејството.  Домаќинствата каде што главата на семејството е без образование или нецелосно основно образование живеат во релативна, а понекогаш дури и во апсолутна сиромаштија. Согласно погоре презентираните податоци од ДЗС, се гледа дека со зголемувањето на нивото на образование на „главата“ на семејството пропорционално се намалува и процентот на сиромашни лица во нашата држава. Меѓутоа во последните години се забележува и спротивен случај, каде што бројот на сиромашни со универзитетско образование е во скалест пораст.; и  

- местото на живеење на лицето/домаќинството, кое исто така има големо влијание врз квалитетот на живеење, можностите и пристапноста до можности, врз социјалното исклучување и врз сиромаштијата. Според бројни светски и европски автори, но и според анализите во нашата држава, економскиот пораст и благосостојба се случуваат најмногу во развиените урбани региони, а останатите региони помалку ги чувствуваат бенефициите од овој пораст. Сразмерно, во руралните средини сиромаштијата постојано се зголемува од година во година, а со нејзе ги провлекува и индициите за социјално исклучување и непристапност до одредени ресурси и можности 

[7] http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=115&rbr=3179 (Државен завод за статистика; Џини коефицент за сиромаштија во 2018 година)

[8] Заклучок кој е добиен со анализираните податоци компаративно по години (од 2010 до 2020 година)

[10] http://195.26.131.244/PrikaziSoopstenie.aspx?id=37&rbr=470 (Државен завод за статистика; Лаекен индикатори за сиромаштија за 2010 година)

(11 http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=115&rbr=2509 (Државен завод за статистика; Лаекен индикатори за сиромаштија за 2016 година)

[14] С. Трбојевиќ, „Мапирање на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија“, описно во делот збирна анализа, заклучоци и препораки, стр. 219-225

[15]  http://www.stat.gov.mk/MetodoloskiObjasSoop.aspx?id=37&rbrObl=13 , (видено, на ден 12.06.2020 година)

[16] http://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/dokumenti/2020/ESRP(r)%202022%20(MKD)%20full.pdf (страна 92-96 – за можности за образование на сите граѓани подеднакво)

 

Руралните и урбаните области во Република Северна Македонија

            Нашата држава низ текот на историскиот период по осамостојувањето на Македонија до денес има претрпено бројни и повеќеслојни промени во односот помеѓу руралните и урбаните населени места, а поточно во: нивната функционалност и начинот на управување со нив, бројот на население кое живее во нив, соодносот помеѓу мажите и жените во нив, миграциите помеѓу нив, вработеноста и можноста до вработување, но и во однос на пристапноста до: бенефиции, здравствена и социјална заштита и човекови права,; или со еден збор - во целовкупниот спектар на социјалната политика. Како населени места се подразбираат: градовите, селата и населбите. Во корелација со тоа, град[17], во смисла на административната поделба на Македонија, согласно истоимениот закон, е населено место кое има повеќе од 3.000 жители; има развиена структура на дејности, а над 51% од вработените се вон примарните дејности; има изградена урбана физиономија со зони за домување, стопанство, рекреација и јавно зеленило, плоштад, изграден систем на улици и комунални служби и претставува функционално средиште на населените места во опкружувањето. Село, во истата смисла, е населено место со еднофункционално значење во кое преовладува една дејност, а атарот е со аграрна физиономија и функција. Граница на село, како населено место, се утврдува со урбанистички план за населеното место.

Бидејќи и во процесот на креирање и собирање на податоците од истражувањето и од анкетата сеуште нема направен попис на население во нашата држава, како носечки – клучни информации ќе ги земам податоците од Светската Банка, при што според базата на податоци на Светска Банка, 42,25% од вкупното население во Република Северна Македонија во 2018 година или во бројки 880.185 жители од вкупно проценети на 2.083.160 жители, живееле во руралните средини.

Имено, според податоците направени во истражувањето и анкетата која што беше спроведувана во периодот од месец Март до месец Јуни 2020 година, екстремната сиромаштија, или апсолутната сиромаштија (во кои е и вклучено и бездомништвото) е поизразена во градските средини, каде што само 2,7 %[18] од домаќинствата изјавиле дека со вкупните месечни приходи што ги имаат лесно ги задоволуваат потребите, за разлика од жителите на руралните средини во кои тоа чувство е застапено кај 3,2 % од домаќинствата.

            Во однос на големината на наеселнието по региони, руралните општини се доста застапени речиси во сите региони на Македонија, меѓутоа најголем дел од населението живее во поголемите урбани центри, што упатува на нерамномерна концентрација на населението внатре во регионите, вклучително и во урбаните и руралните средини. Согласно анализата на ДЗС за населението, полошкиот и југозападниот регион се издвојуваат според високото учество на населението кое живее во руралните средини, додека во другите региони руралните населби се поретко населени.

Од друга страна, во руралните средини (селата) во Македонија како резултат на досегашниот нивен развој, се одвиваат интензивни негативни процеси, и тоа во:  материјална основа, во демографска, социјална, но и во културна основа. Тие процеси се динамични, меѓусебно поврзани и меѓузависни а често се карактеризираат со нагласени противречности[19]. Семејните земјоделски стопанства во селата, исклучително се хетерогени во демографските (на нив воглавно живеат земјоделци кои неможеле да поминат во други занимања и други дејности), образовните и економски карактеристики. Немањето на досегашна јасна развојна политика кон руралните средини доведува до заостанување на многу од овие региони, (посебно оние кои задржале аграрно обележје, а се наоѓаат надвор од гравитациските зони на урбаните средини). Тоа доведува до силна депопулација, а во некои случаи и до социјална и демографска депресија. Значаен дел од селското население ги напушта своите родни домови не само од економски причини туку и поради поголемите инфраструктурни можности на градските[20] средини, поради потребата од школување на своите деца, поради потребата од здравствена заштита, поради надежта дека ќе добијат работни места во иднина, и т.н. Концентрацијата на вработеност во аграрот е главното објаснување за пораст на сиромаштијата во селата“, од што јасно и недвосмислено се гледа и во истражувањето кое беше спроведувано преку анкетата[21]. Имено, секое второ домаќинство[22] во руралните области (дури 50 проценти) смета дека нема услови за вработување и не може да обезбеди приклани средства за храна, од што јасно се гледа од сумираните податоци во анкетата.   

Имено, од самото истражување кое што беше спроведено[23], во однос на тоа каде живеат лицата кои биле анкетирани, од вкупно 86 лица кои го одговориле прашалникот, во руралните средини живеат 35 лица, додека во урбаните средини 47 лица. Од лицата што живеат во руралните средини дури 20 се над 50 години, а останатата бројка се од 30 до 50 години, при што може да се констатира дека работоспособното население и она кое е на залезот од работоспособноста, според истражувањето, го сочинуваат вкупното население во руралните средини. Ова јасно се гледа и од погорните прикажани бројки од ДЗС во овој и во претходниот дел од оваа истражување[24]. Притоа, битно да се напомене е дека дури 58% од руралното население во Македонија работи во земјоделската дејност или самостојно како поеднинец занаетчија, а споредбено речеси 98% од населението кое што живее во урбаните средини работи на полно или скратено или работно време, а како заедничко и за двете области е прекувременото работно време кое најмногу се реализира во услужната дејност, а според испитаниците, најчесто тоа не им е платено на работниците.

Како надополнение на споредбата, од вкупното население кое е испитано, дури 74% се изјаснуваат дека немаат доволно време да се посветат на семејството и пријателите, а најмногу тоа е заради работното време, но и заради финансиите кои според анктерираните во прашањето за севкупните примања, и од руралните и од урбаните средини, најмногу лица се изјаснуваат дека на месечно ниво имаат севкупни примања од 16.000 до 20.000 денари, што споредбено со трошоците за живот, храна и облека, со долната бројка и под нејзе е речеси невозможно лицето достоинствено да го преживее месецот. Тоа е така, иако според стапката за релативна сиромаштија (која ќе биде објаснета подолу во истражувањето) лицата кои имаат месечни примања под 14.000 денари, или на кои им остануваат за храна и облека под 6.000 денари ќе се сметаат како за сиромашни. Од друга страна, најмногу кои што го искусуваат прагот околу сиромаштијата се токму лицата од руралните области, од повеќе бројни причини, но најмногу заради нерамномерноста во достапноста до услуги, трошењето на многу повеќе средства за транспосрт за вршење на надминистративна услуга, но и заради можното ненавремено исплаќање на земјоделските субвенции и аконтации, а заради кои што им се врши изнудување од потреба да земаат кредити за покривање на земјоделските и животните трошоци.

Од погоре наведените јасно изразени причини за нерамномерноста во приходот и можностите и во сиромаштијата, во 2019 година за ниво на нашата држава е изработена „Стратегија за развој на Мрежата за рурален развој за периодот 2019 – 2022 година“. Во подготовката на стратегијата се земени предвид истражувања и анализи од различни меѓународни организации, вклучувајќи го и извештајот за напредокот на Македонија, што го изготвува Европската Комисија, како и приоритетите идентификувани со програмата за рурален развој. За изработката на оваа стратегија се користени статистики од Државниот Завод за статистика и од меѓународни извори како Еуростат и базата на податоци на Светска Банка. Воедно, Стратегијата[25] ги зема предвид законите и националните приоритети и политики кои влијаат врз можностите за развој на руралните подрачја – надополнувајќи се со можностите кои ги нудат урбаните, при што воглавно се два надеж дека во иднината сиромаштијата, негативниот демографски приказ, како и немањето на доволно можности за социјално вклучување на руралното (селското) население ќе биде успешно надминато.

 

[17] http://www.stat.gov.mk/OblastOpsto.aspx?id=1   (видено на ден 21.06.2020)

[18] Споредбено сумирани податоци помеѓу прашање 2, 3 и 8 од анкетата која ја спроведов

[19]http://brr.gov.mk/%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%80%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D1%80-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/  (Биро за регионален развој, плански региони; рурални и урбани средини)

[20] Р. Емина, И. Ацески, „Одржливи градови – меѓу тероријата и практиката, еколошки компоненти на урбаното планирање и развој“, во делот: градот како одржлив динамичен сервис, стр. 67-77)

[21] Сопствено Анкетно истражување за мерење на сиромаштијата и социјалното исклучување на одреден примерок од населението – анкетирани испитаници (спроведено од месец Март до месец Јуни 2020 година), кое е опишано во Анкес 1 од текстов

[23] Сопствено Анкетно истражување за мерење на сиромаштијата и социјалното исклучување на одреден примерок од населението – анкетирани испитаници (спроведено од месец Март до месец Јуни 2020 година), кое е опишано во Анкес 1 од текстов

[24] Наслов: Сиромаштијата и социјалното исклучување во Македонија – краток приказ

 

Демографските услови и нивното влијание врз условите за генерирање на сиромаштија и социјална исклученост

Демографскиот развој е клучен национален и социјален приоритет на секоја држава и се обликува според спецификите кои постојат кај населението. Демографскиот развој претпоставува обврска за сите носители на одлуки, активна и конзистентна политика и координирани напори на владните институции и граѓанското општество на сите нивоа за остварување на целите и развојот на населението. Во однос на основните демографски компоненти, Република Северна Македонија не отстапува од трендовите со останатите земји во регионот и на светско ниво. Актуелните демографски трендови[26] со кои се соочува државата, се манифестираат во намалување на бројот на родени деца и на природниот прираст на населението, пораст на емиграцијата во странство, како и интензивирање на процесот на демографското страеење, кое резултира со зголемено учество на старите лица во вкупното население[27]. Исто така, Република Северна Македонија се соочува со изразена регионална нерамномерност во растот на населението, како и со изразени разлики помеѓу урбаните и руралните средини. Густината на населнието изнесува 80,3 жители на км² според податоците од ДЗС во 2019 година, и ја сместува нашата држава во релативно поволна состојба, споредбено со државите од Европската Унија.

И покрај моменталниот висок наталитет, во нашата држава народот многу пати ја има пропуштено приликата да биде бројно поголем, почнувајќи од последиците од револуциите и востанијата, па се до масовното иселување. Денес, нашето население не се размножува, туку напротив старее и изумира. Само како за илустрација, во 2002 година во нашата држава 1.205.226 лица, или 59.6% биле на возраст од 0 до 39 години, а 817.321 лица, или 40.4% од вкупната популација била на возраст над 40 години (а кое истовремено е население кое се наоѓа во залезот на фертилната доба).

Како надополнение, нашата држава има карактер на миграционо подрачје, карактеризирано со интензивни внатрешни поместувања на населението, но и со континуиран процес на иселување на населението во други држави. Во однос на внатрешните миграции[28], оценките од ДЗС се дека тие опстојуваат со различен интензитет во различни временски периоди. Како за илустрација, во 2018 година, внатрешно мигрирале 6.475 граѓани, а најчестата причина за миграцијата е поради склучување брак (53.3%), а според возраста најмногу или 51,3% се на возраст од 15-29 години Од други држави се доселиле 490 граѓани, а од Македонија се отселиле 945, или за 455 граѓани повеќе ја напуштиле државата, отколку што се населиле во државата. Демографските движења на селото, особено процесите на се поинтензивното стареење на селското население и демографско празнење во некои региони зборува за многу важна појава за животот на село[29]. Без оглед на приликите што ја условиле ваквата состојба, останува вистината дека многу голем број на селска популација во оддалечените села не се во можност да се снабдат зо своите секојдневни потреби со различна колонијална стока за секојдневна и основна употреба. .

Вистинската причина за засилената миграција од руралните во урбаните области во нашата држава е неразвиената економија и неизградената инфраструктура. Притоа, задржувањето на населението овозможува економска виталност, а во некои случаи и опстанок на заедницата. Статистиката според ДЗС покажувa дека само во периодот од 2013-2017 година бројот на лицата што се доселиле од руралните во урбаните средини изнесува 9.954 лица, додека последните две години (2018 и 2019)[30], се карактеризират со изразито забрзана миграција и кон внатрешноста на државата, но кон надворешноста на државата – со т.н. надворешни миграции.

Всушност, и податочниот збир од анкетата (*сопственото истражување*), го покажува трендот на генерирање на сиромаштија во руралните населени места многу побрзо наспроти урбаните, иако во урбаните сиромаштијата, а со тоа и социјланото исклучување, е многу подлабока и се карактеризира со брзи флуктуации во апсолутна сиромаштија и можност за сигурно повторно влегување во сиромаштија, одкога една личност ќе излезе од кругот на сиромаштијата. Имено, според анкетата – разгледувано од демографски аспект и сознанија, од вкупно анкетираните 86 лица, 53 лица се жени, а 33 мажи, од кои 20 лица се жени кои живеат во руралните средини, а додека 16 се мажи кои што живеат во руралните средини.

Според погорните бројки на испитуваното население по возраст, споредбено во однос на образованието се констатира дека 66 % од руралното население е со основно или средно образование, додека во однос на урбаното население 43% се со завршено високо образование, 21% се магистри, 18% се со средно образование (возрасната група од 51 до 64 години), а се среќаваат и лица кои се доктори на наука. Според заедницата во која живеат и семејната политика која треба да се насочи кон нив, се констатира еден обратен процес од досега констатираните факти, при што дури 9% од руралното население на возраст од 30 до 50 години живее само или се самохрани родители, додека за истата старосна група во руралните средини речеси 80% живеат во заедница со родителите, брачниот другар и децата. Се разбира, овде ги исклучувам од калкулација оние кои се изјасниле како студенти и живеат привремено под кирија, заради нерелевантноста на тој податок за влијанието на демографските показатели.

Од оваа може да се заклучи дека во руралните средини, без разлика на возраста на населението, тоа најчесто, во просек гледано е со средно образование и со основни квалификации и вештини. А во однос на семејната структура руралното население во Македонија најчесто живее во проширена заедница[31] – фамилилија. Притоа, и според најпрво искажаните бројки од ДЗС, а кои според содржината се поклопуваат со бројките од истражувањето (анкетата), лицата кои што живеат во руралните средини, а се со повисоко образование од средното мигрираат внатрешно кон урбаните средини, најчесто заради малото количество на финансии за достоинствен живот, но и заради подобри работни места за кои во урбаните средини има многу поголема понуда, отколку во руралните области. Исто така и за еднородителските семејства се забележува трендот на внатрешна миграција, оставајќи ги руралните средини најчесто со типично земјоделско население, или население кое е доволно возрасно да не бара подобра егзистенција во урбаните краеви.

[26] https://meta.mk/makedonskoto-naselenie-staree-uchilishtata-se-praznat/ (Наслов: „Македнското население старее, училиштата се празнат“, видено на ден: 23.06.2020)

[31] https://meta.mk/makedonskoto-naselenie-staree-uchilishtata-se-praznat/  (Публикација: „Семејството низ времето“, Институт за јавно здравје, Скопје, 2019 година)

 

Пазарот на труд, вработеноста и сигурноста и достоинственоста на работното место – де/генератори на мулти-димензионалната депривација

Според возрасната структура на населението, Република Северна Македонија е во релативно поволна ситуација само во однос на работноспособното население, (од 15 до 64 години) кое со учество од околу 70% е доминантно во однос на другите две возрасни групи. Според проекциите на Обединетите Нации (ОН), ваквиот тренд се очекува да потрае до 2030 година, со можност да се искористи овој демографски бонус[31]. Неговото искористување ќе зависи од макроекономската политика која е предуслов за стабилна социјална и економска околина и одржливоста на развојните компоненти. Иако според официјалните статистики бројот на невработени лица во државата се намалува, сепак стапката на вработеност кај младите луѓе, а посебно кај младите од руралните средини е на многу ниско ниво, што води кон миграција на младата работна сила надвор од руралните средини или многу често и надвор од државата.

Интересно прашање што треба да се разгледа е дали ниското учество во работната сила на жените во период на репродуктивна возраст ќе придонесува позитивно или пак негативно за нивото на фертилитет во нашата држава. Ако ефектот е позитивен, може да се очекува понатамошно намалување на фертилитетот со влегувањето на повеќе жени во работната сила. Априори, тешко е да се знае каков ќе биде ефектот. Временскиот ефект би сугерирал дека колку што жените трошат повеќе време на економска дејност, толку нивната расположивост за грижа околу децата може да се намалува. Од друга страна, ефектот врз приходот би сугерирал дека колку што семејствата имаат повеќе средства и поголема економска стабилност поради вработеноста на жените, толку им е полесно да инвестираат во уште едно дете. Во конкретните околности во секојдневието и практиката на граѓаните на Македонија, втората можност се чини поверојатна. Сепак, од извори од повеќе автори[32], кај нас се разликува позитивниот и негативниот ефект, но тој не е изразен токлку по поделба на рурални и урбани области, туку по регионите во Македонија и нивната рамномерна или нерамномерна развиеност во сооднос со другите региони во државата. За да се пресмета соодносот помеѓу фертилитетот и влијанието на пазарот на труд, пожелно е да се познава индексот на сиромаштија. Имено, индексот на сиромаштија во оваа истражување не е пресметан според региони најмногу заради потребната комплексност на таа операција, но доколку се следи со еден од индикаторите по кои се мери индексот на сиромаштијата, а тоа е невработеноста, во 2019 година стапката не невработеност била 17.1% или 164.702 лица во бројки биле невработени на крајот од 2019 година, споредбено со стапката на вработеност која изнесувала 47.4% или 799.546 лица биле вработени во бројки, од вкупно 964.248 активно – работоспособно население[33]. Ова укажува дека севкупната стапка на сиромаштија е незначителна, но сепак, подолу во овој дел ќе обрнам подетално на споредбата помеѓу соодносот на невработеноста, сиромаштијата и социјалното исклучување помеѓу руралните и урбаните средини од нашата држава.

Емпириските студии според бројни автори и истражувачи на оваа проблематика укажуваат на фактот дека колку е повиска вкупната стапката на невработеност, толку е помалку веројатно дека жените на репродуктивна возраст ќе се одлучат да го напуштат пазарот на труд, поради тоа што враќањето на пазарот на трудот за нив е многу потешко, или речеси невозможно[34]. Ова тврдење го потврдува и истражувањето спроведено преку анкетата (*сопственото истражување*), според која од сите 86 лица кои одговориле на прашалникот, по однос на прашањето за учеството на лицата на пазарот на труд, и ако се исклучат оние кои одговориле дека се вработени, во образовен процес или пензионери, останатите категории на лица (невработени, NEET, активни баратели, корисници на социјална помош) изнесува 20% од испитаниците. Од оваа бројка на лица, најголемиот број од нив се жени и тоа најчесто во руралните области кои (сумирано од збирните одговори од 4 прашања од анкетата) се или самохрани родители, или вршат земјоделска дејност или занаетчиска и рачна изработка за која што примаат субвенции или друг вид на помош. Исто така, овие лица, од кои најголемиот број се жени, на прашањето за кои услови се потребни за нормален и достоинствен живот и целосна вклученост во општеството, одговориле дека немањето на соодветна инфраструктура, можност за дополнително едуцирање и можност за добра соодветна јавна услуга се главниот проблем со кој се соочуваат, а сето тоа дека е пропратено со материјална депривација, односно кусок на паричните средства во тековниот месец.

Од друга страна, во руралните средини, голем дел од младите што остануваат таму, тоа го чинат поради несоодветното образование, или пак поради ограничените можности за вработување, и се занимаваат со земјоделство. Сепак, согласно податоците на Државниот завод за статистика, младите и жените во земјоделството, најчесто се застапени како неплатени семејни работници, што ги ограничува нивните можности за еднаква вклученост во општеството, но влијае и на самиот квалитет на живот[35]. Затоа, недоволното или несоодветно образование и пристапот до него, во комбинација со ограничените услови за раст и развој, имаат дополнително негативно влијание врз општите услови за социо-економски развој на населението во руралните средини, нешто што во урбаните средини речеси и да не постои, се разбира ако не се земе во предвид фактот за нарушени – асоцијални семејства и бездомништвото – кои се единствено типично карактеристични за урбаните средини, односно градовите и приградските населби. Кај урбаните средини (градовите) согласно одговорите на испитаниците во анкетата, најчесто е вработувањето на полно работно време, при што не ретко резултира со прекувремено работно време кое во 65% од случаевите не се исплаќа дополнително. Со тоа и се добива клучниот одговор на прашањето за кои услови се потребни за нормален и достоинствен живот и целосна вклученост во општеството за урбаните средини, при што дури 79% од одговорите се имање на доволно време да се посветат на семејството и пријателите, 12% да имаат кого да им ги чува децата или возрасните родители додека се на работа, и по 8% можности за допринесување во локалната заедница и дишење на здрав и чист воздух. Но, во однос на паричните средства и доволноста за достоинствено да се „преживее“ месецот одкога ќе се платат сите тековни месечни сметки, иако кај испитаниците од руралните средини има евидентен очигледен недостаток, интересно е дека трошоците во урбаните средини се поголеми и освен населението кое одговорило дека се занимава со ИТ (информатичка технологија) и јавно здравство, остатокот има недостаток на финансии за достоинствено според себе пропишаните и општествено пропишаните услови за достоинствен живот да го помине месецот (според леакен формулата за релативна сиромаштија (PR)[36] а која ќе биде детално подолу објаснета). Од ова се согледа дека иако приближно и руралното и урбаното население имаат слични потреби и материјални недостатоци, сепак заради недоловната понуда од работни места, типичната улога на жената како семеен згрижувач, и улогата на земјоделската дејност и занаетчиството, во руралните средини од аспект на пазарот на труд, вработеноста и сигурноста од работното место се јавуваат како генератори на материјалната, па можеби до некаде и мулти димензионалната депривација.

Во просек сумирано од анкетата, населението во руралните средини најмногу има потреба од создавањето на нови работни места (дури 52% од севкупното анкетирано население). Притоа, сите испитаници кои доаѓаат од руралните средини сметаат дека постои цврста поврзаност помеѓу регионалналата припадност и решавањето на локалните проблеми, што создава вакум простор за населението кое живее надвор од организираното општествено уредување во „селата“. Како пример, според друга анкета на Државниот завод за статистика, во Североисточниот регион над 82%[37] од севкупно анкетираното селско“ население е незадоволно од работата на локалната власт во пронаоѓање на решенија за нови вработувања и во пронаоѓањето за достапност на инфраструктурните и социјалните услуги (како што се: училишта, градинки, амбуланти, продавници), а секој трет анкетиран граѓанин од истражувањето на ДЗС[38] (34% од испитаниците) се изјаснил дека не е воопшто вклучен во разрешувањето на проблемите во локалната самоуправа или соседство на кое што припаѓа.

 

[31] Влада на РСМ, Стратегија за демографски политики на Република Македонија 2015-2024, Скопје 2015 година ( стр. 13-16)

[32] С. Ристевски во делото „Демографски методи со демографска анализа“, Скопје, 2006, и авторот Никола Димитров со делото „Демографија“, Штип, 2012 година 

[33] http://www.stat.gov.mk/pdf/2020/2.1.20.04_mk.pdf   (ДЗС, Активно население за 2019 година, во бројки и во %, невработени и вработени лица)

[35] https://mhc.org.mk/wp-content/uploads/2019/05/Ruralni_Sredini_MK__5_.pdf (Анализа на жените во руралните средини: повеќе пречки отколку можности, Хелсиншки комитет, 2018 година)

[36] PR = p / n  (детално е објаснета формулата за пресметка подолу во насловот: Лишеност од финансии – лишеност од основни потреби и способности (мерењето на релативната сиромаштија))

[37] http://www.stat.gov.mk/publikacii/2019/RegioniteVoRM.2019.pdf (Регионите во Македонија, Североисточен регион, стр. 120.122)

[38] http://www.stat.gov.mk/publikacii/2019/RegioniteVoRM.2019.pdf (Регионите во Македонија, Североистопен регион, стр. 120.122)

 

Прашањето за соседството, домувањето, регионалната и просторната димензија помеѓу руралните и урбаните области

Како и во голем број на држави во Европа и светот, така и во нашата држава, голем дел од населението со низок општествен статус, ниски месечни примања и строго-традиционални вредности на живеење е концентрирано во недоволно развиените подрачја, како и во руралните општини. Состојбата во руралните средини кои се оддалечени од продавница, училиште, амбуланта е многу поинаква за разлика од урбаните средини кои имаат сосема поинаков изглед и многу полесен пристап до сите основни институционални, инфраструктурни и трговско-услужни дејности во општеството, што придонесува до создавање на една карактеристична форма на социјална исклученост, а која уште повеќе е засилена кај оние „села“ до кои не води добар пат и/или немаат пристап до јавен превоз.

Потребата на сите рурални, а посебно на не толку пристапните „села“ од инвестирањето во физичката инфраструктура: - изградба на регионални и локални патишта, изградба на локалните системи за снабдување со вода, канализација и смет, подобрувањето на системот за снабдување со електрична енергија, и подобрена телекомуникација треба да ги направи руралните средини попривлечни за бизнис, а со самото тоа тие ќе ја подигнат вредноста (цената) на земјиштето таму и ќе го подобрат квалитетот на целокупното живеење во нив[39]. За овие вложувања локалните власти прво треба да дадат приоритет според локалните потреби на локалното население кое живее на секои од овие рурални места, а потоа да бараат начин како да се донесе инвестицијата во нивната локална заедница и тоа што е можно таа да биде подобра, поефикасна и инклузивна за сите жители на определената рурална заедница, а не само за некои. Согласно и соодветно на ова, животот во руралните средини може да се подобри само доколу постои стабилна врска со урбаните средини. Така мапирајќи ги руралните области, треба да се идентификуваат сиромашните области од нив на локално ниво и да се обезбедат посебни средства за истите (да им се изгради соодветна инфраструктура, и да им се обезбедат добри социјални и општествени услуги, па дури некаде вклучително и продавници со основни намирници), со цел да се искорени социјалната изолација на лицата што живеат таму, а без да мигрираат кон урбаните области кои би им понудиле можност за по-достоинствен живот (процес на миграција објаснет погоре во истражувањево).

За таа цел, според достапните податоци од Министерството за локална самоуправа, може да се увиди дека ова министерство го зголеми повеќекратно буцетот кој би им директно овозможил на лицата од руралните средини да имаат подобар живот, и исплата која што им била загаранирано реализирана, да им биде материјално подигнат општествениот статус. Па така, од планираните средства (приближно 35,000.000 евра) за финансиска поддршка на рурален развој за 2019 година, според податоците од оваа министерство 60% биле наменети за неподмирени обврски од реализација на проектите од предходните години. Најголем дел од средствата наменети за нови проекти се предвидени во мерката „инвестиции во инфраструктурата за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството“ (18%), и за мерката „инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства“ (17%), додека само околу 500.000 евра или 3,6% се планирани средства за мерката „обнова и развој на селото“ односно помалку за 45% во однос на 2018 година.

Притоа, додека во руралните средини постои недостаток од инвестиции и добро просторно планирање, во урбаните средини има секојдневни активности на инвестиции во урбанизација на просторот, градежни зафати на нови станбени објекти, како и на деловни објекти, што директно придонесува за „индиректно“ одобрување на што поголем замав на внаттрешната (село-град) миграција, истовремно запоставувајќи ги реалните просторни потреби во руралните средини. Со тоа повторно индиреткно, но сосема со огромно влијание се придонесува да се намалува домашниот земјоделски капацитет, стварајќи недостатоци од продукти (земјоделски, месни и преработувачки) кај зголеменото население во урбаните средини, причинувајќи штета врз бруто-домашниот производ (БДП), а со тоа и оневозможувајќи и на државата да корегира и помага онаму каде што се пројавува потреба од социјална асистенција и поддршка. Во просек, на ниво на државата големината на земјишниот земјоделски посед продолжува да се ситни. Во 2016 година, во однос на 2013 година категоријата до 1 ха се зголемува за 4%, а просечната големина на идивидуалните земјоделски стопанства се намалува за 6%.[40] Во 2018 година просечна големина на поседот на семејните фарми изнсувал 1,5 ха од обработливата површина, што е за 9,4 пати помала од таа во ЕУ за истата година.

Зголемувањето на бројот на индивидуалните земјоделски стопанства во услови на стареење на селското население и депопулација на руралните средини, укажува на фактот дека постојната состојба на руралната политика се наоѓа во неквалитена фаза на развој. Во структурата на лицата ангажирани на семејните фарми, според возраст гледано, се намалува учеството на лицата до 34 години и тоа од 25% во 2013 година, на 22% во 2016 година, и на 19% во 2019 година[41]. Додека, учеството на членовите ангажирани на семејните фарми на возраст од 55 и повеќе години се зголемува од 39% во 2013 година на 42% во 2016 година. Новите трговски субјекти во земјоделството, преработувачките компании, и други интегратори на земјоделското производство претежно одат на линијата на промоција на сопствените инереси, сопствена заработувачка и профит. Истото тврдење го укажуваат и прибраните податоци од спроведена анкета на МЦМС во 2018 година, според која 60% од анкетираните граѓани кои живеат во руралните места укажуваат дека односите кон земјоделците се некоректни, често се прекинуваат исплатите и се пролонгираат, а неретки се измами на земјоделецот. Во таква констелација на интересите, положбата на руралното население постојано се влошува.  Според мое мислење, за цел да се овозможи демографска и социјална одржливост, неопходно е да се покрене иницијатива за институционално проширување на надлежностите на руралните заедници и формирање на мали општини во ридско-планинските и пограничните подрачја.

Од друга страна, според анкетата (*сопственото истражување*) која ја спроведов, од вкупно 86 лица кои одговориле, 40 лица живеат во стан – кои притоа во најголем процент се претставници на градското население. Останатата бројка на лица, т.е. 46 лица се изјасниле дека живеат во куќа, но за дел од нив (25%) таа им е или целосно или делумно заложена под закуп за семејни причини, а исто така одговориле дека голем дел од нив куќата ја наследиле од родителите. Најголем дел од севкупниот број на испитаници, на прашањето кое е идеалниот начин (тип) на живеење, речеси сите (98%) се изјасниле дека според нив најмногу би сакале да живеат во куќа. Споредбено помеѓу руралните и урбаните „претставници“, населението во урбаните средини најмногу го има заложено имотот кој што го купиле, или пак тој е земен преку кредит (кој што или сеуште се отплаќа или е веќе отплатен). Овде како прашање за понатаму, си го поставувам дали во овој примерок има претставници на внатрешно мигрирано насление, или тоа е заради потреба на самостално живеење на ново-формираните семејства од урбаните населени места. Спротивно на урбаното население, најголем број на лица од руралните средини живеат во куќа, но за посериозни градежни зафати или реновирање на куќата – речеси 75% од нив се изјасниле дека немаат доволно средства да си дозволат тоа, доколку не работат повеќе од една работа (односно две или три работи истовремено), или ако не подигнат кредит од банка. Притоа, и за руралното и за урбаното население специфично е тоа дека: соседството во кое им е домот, лицата со кои секојдневно комуницираат, како и местата во најблиското опкружување во соседството каде комуницираат и се движат, имаат најголемо значење за меѓусебна солидарност и помош при задоволување на некои основни потреби, како што се помош за чување на деца или возрасен родител, привремено позајмување на моментални потребни добра и слично. Својствено и соодветно, оние лица од руралните средини кои живеат на поголеми далечини, населението во приградските маала, како и урбаното население кое живее околу домаќинства со дисфункционални семејства и лица, се соочува со поголеми потешкотии при секојдневната солидарност, а со тоа доколку нема доволно финансиски средства за достоинствен над минималниот праг на материјалната сиромаштија, но и надвор од социјалното и културолошко исклучување, лесно може да потпаднат во кругот од опркужувањето каде што им е живеалиштето.

 

[40] http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2018/03/%D0%9C%D0%9A_NAP.pdf (Национален акционен план за борба против опустинувањето на земјоделското земјиште во Македонија)

[41] https://cea.org.mk/documents/CEA%20osvrt%20zemjodelie-1.pdf  (осврт на земјоделството во Македонија)

 

Лишеност од финансии – лишеност од основни потреби и способности (мерењето на релативната сиромаштија)   

            Добрата материјална состојба на лицата во општеството е клучниот фактор за правилна нега и развој на тие лица во младоста, добро нивно образование, добар општествен живот според постулатите на општеството во кое живеат, водење на здрав и квалитетен живот, можност за пристојно вработување и квалитетна и безбедна работа, можност за добивање на системски услуги (на пр. здравство, згрижување на деца и т.н.) – или со еден збор за оформување на едно здраво и себеисполнувачко општествено ткиво. Сепак, како и во минатото, така и денес, во сите држави во светот, се разбира не исклучувајќи ја и нашата држава, и покрај огромните напори кои се вложуваат од државни, општествени, невладини и локални чинители за креирање на сеопфатно квалитетно општество – пред се преку подигање и рамномерно распределување на финансиските и материјалните добра од и кон лицата, сепак, постојат одредени категории на граѓани кои од одредени причини се лишени од оваа можност. Тие граѓани најчесто, како што објаснувам во истражувањето[42], се со основни или минимални вештини и образовни познавања, немаат доволно финансиски средства до крајот на тековниот месец, некои од нив се банкарски задолжени, а некои дури се и социјално исклучени според постулатите по кои се водиме во нашето општество. Имено, колку што постојат видови на сиромаштија, толку и видови на граѓани се сиромашни, односно ја доживуваат маеријалната депривација директно и непосредно. Ако се земе во разгледување поседувањето на имотот, не ретко се случува лицата иако поседуваат недвижен, понекогаш дури истовремено и движен имот, сепак, истите тие лица да бидат длабоко сиромашни, бидејќи севкупните месечни примања им се недоволни одкога ќе ги исплатат ратите од кредит за тој движен и недвижен имот за кој што се задолжиле (често и за период над 10 години – при што можат да регистрираат и во делот на долгорочно сиромашно – според формулата за долгорочна сиромашност последователно во низа од 3 години под ред). Истиов овој случај е и со платата, каде што издадоците неретко ги поминуваат просечните бројки од половина од плата на поединецот, за што гледано од аспект на домаќинство, ако постојат двајца брачни другари, едниот да е со ваков случај, а вториот воопшто да не работи или да биде вработен во а-типично работно место, тогаш присутноста од можност за сиромаштија во тоа домаќинство е многу поголема. Во согласност ова, разгледувано компаративно помеѓу руралните и урбаните региони во државата, сиромаштијата со задолженост почесто се среќава кај лицата и домаќинствата од урбаните региони, додека сиромаштијата со мало количество на месечни примања и приходи кај домаќинствата и поеднците од руралните региони. Сепак, постои во одредени региони (најчесто во крајниот исток од македонија и во пелагонискиот-мариовскиот регион[43]) од руралните населби каде што сиромаштијата е тесно поврзана со социјалното исклучување, а се вкрстува со неможноста и непристапноста од примање на социјални бенефиции, со неможноста за добивање на социјални и здравствени и образовни услуги, но и со непристапноста до инфраструктурна разгранетост и достапност. Иако постојат националните стратегии за рамномерен регионален развој[44], сепак, прашањето крајната линија на сиромаштијата која ја искусуваат некои лица, останува отворено. Затоа неопходно е, врз основа на определбите на Уставот и соодветните закони кои го регулираат прашањето за сиромаштијата, паричните примања, платата на населението, финансиските бнефиции и даночна и монетарна политика, да се преиспитаат системските решенија и мерки на економската и социјалната политика и да се утврдат специфичните решенија и диференцираните мерки во согласност со конкретните услови по регионите, во одделните рурални подрачја, урбани подрачја, типови на населби и типови на домаќинства.

            Гледано од финансискиот односно паричниот дел, и куповната моќност на населеието во нашата држава, според собраните и достапните податоци од Државниот завод за статистика, на ниво на Република Северна Македонија сиромаштијата е релативно во подем, гледано во сооднос од 10 години наназад, т.е. за периодот од 2010 до 2020 година (при што го земам овој период во корелација со периодите на анализа за не/вработеноста, релативната сиромаштија и степенот на образование за истиот период објаснети погоре). Имено, стапката на сиромаштија, пресметана како лица кои живеат под 60% од медијалниот еквивалентен доход, има тенденција на пад, од 27.0% во 2010 година до 21.5% во 2015, при што се забележува блага стагнација во наредните години потоа, за да изнесува 21.9% во 2018 година[45]. Притоа, економскиот раст проследен со поволните тенденции на пазарот на трудот (растот на вработеноста и растот на платите), растот на пензиите и растот на социјалната помош, придонесоа за намалувањето на стапката на сиромаштија во последните години, по 2018 година. Структурно гледано, според собраните податоци од ДЗС, состојбата со сиромаштијата е најкритична кај многудетните домаќинства (50.2 %) и кај самохраните родители (33.5%), додека во најповолна позиција се самечките домаќинства. Но покрај изразените негативни, во последната деценија се забележуваат и позитивни трендови кај доходната нееднаквост, односно се намалува нерамномерноста во распределбата на доходот помеѓу домаќинствата гледано на ниво на Македонија. Во 2014 година, а последователно пратено и во 2019 година двата индикатора за нерамномерната распределба на приходите, Gini коефициентот и индикаторот S80/S20[46] (кој го прикажува соодносот помеѓу доходите на највисоките и најниските 20 % од домаќинствата), во споредба со 2010 година неколку кратно се намалуваат, главно поради интервенции на политиките во левиот дел од распределбата на доходот, односно кај посиромашните слоеви од населението.

            Имено, слични показатели и индикатори како и официјалните податоци од ДЗС, прикажува и инстражувањето кое го спроведов преку анкетата, на која одговор дадоа 86 испитаници. Според оваа анкета, клучни прашања беа три прашања, и тоа: 1. Што мислите дека е доволно и соодветно за нормален и достоинствен живот (соодветен начин на живот) и целосна вклученост во општествениот живот за едно човечко битие; 2. Да се назначи севкупната месечна потрошувачка во нормални, секојдневни услови; 3. Да се наведи колку останува за храна и облека, одкога ќе се платат сите тековни/режиски трошоци, кирија, данок, рати за кредит (доколку постои), и слични задолжителни месечни оутпути.

Бидејќи во однос на првото прашање за социјалното исклучување помеѓу населението во руралните и урбаните средини погоре веќе елаборирав, овде ќе се осврнам конкретно на прашањето на парична сиромаштија, односно лишеноста од финансии како влијае врз лишеноста од основни потреби, според сумираните податоци од анкетата. Според Лаекен формулата за мерење на стапката на релативната сиромаштија: PR = P / N , при што „PR“ е стапката на релативна сиромаштија, „P е бројот на сиромашни лица, додека „N“ е севкупниот број на лица во групата која се испитува; од вкупно 86 лица кои што го одговориле прашалникот, а според податоците погоре има значителна бројка и на население од руралните средини 28% , од кои 61.6% се жени, може да се увиди дека стапката на релативна сиромаштија според анкетираната група изнесува 2.2%. Детално елаборирано, во одговорите на сите 86 лица, на второто прашање за целовкупна месечна потрошувачка, најзастапен одговор е одговорот дека лицата месечно трошат до 20.000 денари, а втор најзастапен одговор е до 12.000 денари. При тоа аритметичката средина ја чини цифрата од 14.000 денари. Потоа, на третото клучно прашање колку останува за храна и облека по плаќање на тековните месечни трошоци, има широк дијапазон на одговори, кој варира од: останување на 1.000 денари месечно (со по 2 одговори), па се до 50.000 денари (со по 3 одговори). Најголема бројка на граѓани одговориле дека им останува 5.000 денари (7 одговори), а втор по тоа е дека им остануваат 20.000 денари со 4 одговори.

Притоа, применувајќи го целосниот процес за добивање на стапката на релативна сиромаштија, прво го пресметувам делот за добивање на еритметичката средина, односно медијаната, која во конкретниот случај изнесува 10.000 денари (за потребата за формулата ја бележам со 10), а каде што има 3 одговори од лицата. Така, според Леакен исполнување на минимум 60% од критериумите, добиената аритметичка среина, односно медијаната се множи со 60% од критериумите, односно во бројки ќе биде 0.6, за да се добие сумата која им останува до крајот на месецот по плаќањето на месечните трошоци, а под која се сметаат лицата дека се сиромашни – т.е. прагот на сиромаштија. Во конкретниот случај тоа е : 10 * 0.6 = 6. Тоа значи дека сите лица кои третото прашање го одговориле со сума под 6.000 денари, тие ќе се сметаат како сиромашни. Во случајот со податоците од анкетата, 19 лица рекле дека им остануваат до крајот на месецот (по плаќање на тековните месечни трошоци) 6.000 и под 6.000 денари. Применувајќи ја формулата за мерење на стапката за релативна сиромаштија: PR = P / N  , PR = 19 / 86 = 0.22 , или во проценти тоа значи дека 2.2% од целовкупното истражувано население е релативно сиромашно.

            Сумирано од ова, а гледано споредбено помеѓу руралните и урбаните населени места и според полот, од 19 лица кои се под прагот на сиромаштија од вкупно 86 лица, дури 11 лица се жители во руралните населени места (вклучувајќи ги и приградските населби), од кои 58% од оваа рурална популација се жени. Сепак, како и погоре што е елаборирано, останатата бројка, на релативно сиромашно население која спаѓа во групата на лица од урбаните населени места, најчесто се зависни од кредит, иако само 10% од сите анкетирани лица се изјасниле дека ако паднат во финансиска неволја би земале кредит од банка за да ги покријат месечните трошоци. Од ова се заклучува дека најранливо население на изложување од сиромаштија сеуште остануваат жените и лицата од руралните средини, а посебно жените самохрани родители (од кои најмногу оние кои живеат во руралните средини). Сепак, според трошоците за кредит, и според потребите за дополнителна систенција, медицинска и социјална заштита и нега, исто така под релативно сиромашни, 3 лица од наведените 19 лица, се лица во старосната група над 50 години, или над 62 години – односно пензионерите, каде што најголемо влијание имаат коресподенцијата помеѓу стандардната вработеност, потребата од дополнителна асистенција и заштита и нивото на задолженост. И за лицата во руралните и за лицата во урбаните средини заедничко е тоа што подобрување на нивото на сиромаштија (за оние 19 лица под прагот) ќе зависи од сигурноста и долготрајноста на вработеноста и месечните финансии од таа работа (без разлика на секторот во кој (ќе) работат.

 

[42] Од анкетата мерни прашања се прашањата 15 и 17, од кои се гледа колкава е бројката на лица кои се изјасниле дека за да го преживеат месецот, им е потребна кредитна задолженост, и прашањето дали нивното живеалиште е задолжено или во нивна сопственост, а споредбено позитивно тие што одговориле се со ниско образование, или се неврабтени ( дел од нив, како потенцијална грешка во прашалникот, се изјасниле дека се во земјоделската десјност – правејќи ја, сразмерно, и нејзе како потенцијално недоволно материјално издржлива според нашите услови за живеење и стандард)

[43]http://www.tpconsulting.com.mk/upFiles/Programa%20za%20razvoj%20na%20PPR%202015-2019%20FINAL%203,%20v2.pdf (Програма за развој на пелагонсискиот регион 2015-2019)

[44] Закон за рамномерен регионален развој (објавен во „Службен весник на Република Македонија бр. 63/07, 187/13, 215/15 и 64/18), како и според „Стратегијата за рамноправен регионален развој на Република Македонија 2009-2019 (објавен во „Службен весник на РМ бр. 119/09)

[45] http://195.26.131.244/PrethodniSoopstenijaOblast.aspx?id=115&rbrObl=13   (детелен временски приказ за период од 2010 до 2018 година според Леакен индикаторите за сиромаштијата во македонија, извор ДЗС)

[46] М. Кехвенџи, Ј. Пејковски, „Политики за намалување на невработеноста во ЕУ и РМ“, Скопје, 2016 година, (стр. 42, табеларен приказ со пресметки и индикатори на сиромаштија и социјална исклученост за период 2010-2014 година)

 

Заклучок – реалната состојба помеѓу руралните и урбаните средини

Веќе повеќе од евидентно според сумираните податоци од анкетата и според собраните и достапни податоци од ДЗС, е дека населението во руралните населени места најмногу пати од релативна сиромаштија и социјално исклучување. Сепак, од маетрријална депријавија воопшто не ќе биде добро да се каже дека не е исклучено урбаното население, каде што живее во поголема бројка, во најголем број на градови во нашата држава, претежно заради процесите на внатрешна миграција. Затоа, потребно е креирање на мерки и социјални политики кои би би биле што е можно по – сеопфатни, но најмногу, сепак, би се задржале на руралното население, на жените, и би биле насочени кон семејната политика. Според мене, најефикасен начин да се сузбие сиромаштијата на севкупното население, а најмногу на руралното, како и да се подобри економијата и животниот стандард е преку зголемување на производството, кое отвара нови работни места. Само преку создавање на нови вредности може да се намали сиромаштијата. Притоа, зголемувањето на можностите за формирање приватни претпријатија и пристапот на микропретпријатијата до кредити и технолошки иновации сметам дека треба да придонесе за сите лица да можат да се вклучат во развивањето на економијата, вклучително и лицата од руралните средини. Притоа, јасно и недвосмислено е дека претприемништвото ја има најголемата улога и рамка за апсорпција на работоспособното население, и кое треба да се искористи за вработување најмногу на урбаното население, но не смее да биде изоставено и руралното - кое претжно се состои од земјоделската дејност. Според мене, можеби едно од најзначајните нешта кои требаат да се сторат е зајакнување на правната рамка на вработените – односно редовната исплата на платите, исполнување на обврските кон пензиско–инвалидскиот фонд и здравственото осигурување. Ова ќе придонесе за да се вложат значителни напори во реорганизација на средното образование, образованието на возрасните и преквалификацијата,а се со цел за да им се помогне на работниците при промена на работните места, во согласност со побарувачката на пазарот на работна сила во иднина, во нивното место на живеење. Како крајно,сметам дека децата треба да имаат пристап до квалитетно образование подеднакво во кој регион и населено место живеат, при што во училиштата треба да се организира квалитетна настава и да се обезбедат модерни технолошки средства за едукација.

Зголемувањето на вработеноста на жените, само во комбинација со обезбедување на сервиси и мерки за балансирање на работата и семејството, доведуваат до зголемен наталитет .Онаму каде државите поттикнале промени во социјалните норми кон мајката – работничка и каде постојат политики за намалување на јазот меѓу одгледувањето на деца и вработеноста кај жените (родителски отсуства, голема пристапност до установи за грижа за деца, и поголеми можности за флексибилно и скратено работно време) се земји кои успеале да ја намалат стапката на сиромаштија, а сметам дека со тоа и на социјално исклучување. Во таа насока се покажува дека: „Наталитетот побргу расте во земјите кои го поттикнуваат учеството на жените од руралните средини на пазарот на труд и можностите за балансирање на работата и семејството“. Притоа, како најдобра формула за намалување на сиромаштијата е таа во која државата комбинира релативно висок наталитет со високи стапки на вработеност на жените, кои истовремено се и вработени мајки. Во спротивност, ако се комбинира релативно низок наталитет со ниски стапки на вработеност на жените, не се нудат помалку поволни услови за балансирање на работата и семејството. Притоа, сметам дека во иднина, врската помеѓу економскиот развој, пристапот до социјални права, можноста за прибавување на основни продукти и наталитетот сѐ повеќе ќе ја одразува ефективноста на креирањето и имплементирањето на семејните политики при намалувањето на сиромаштијата во државата, вклучително и помеѓу различните категории и видови, каде што е и категоријата рурлани-урбани области.

 

 

To be informed of the latest articles, subscribe:
Comment on this post

Blog archives

We are social!

Recent posts