Overblog
Edit post Follow this blog Administration + Create my blog

slavko.zharkov.over-blog.com

slavko.zharkov.over-blog.com

Научно-истражувачки блог на Славко Жарков


„Стратегијата за Југоисточна Европа 2020“ според новите принципи на Милениумските развојни цели на Обединетите Нации (ООН)

Posted by Научно-истражувачки блог на Славко Жарков on October 5 2017, 13:36pm

     На почетокот на новиот милениум, светските лидери се собраа во Обединетите Нации за да ја креираат глобалната стратегија со широката визија за борба против сиромаштијата, пристојното вработување, исклученоста и безбедноста, во многуте димензии во кои се пројавуваат. Таа визија искажана на тој состанок, во 2002 година ги создаде осумте Милениумски развојни цели (МРЦ) – првите глобални сеопфатни развојни цели со важност до 2015 година, а до денес сеуште остана како сеопфатна рамка за развој на светот, спроведена во изминатите 15 години. Благодарение на заедничките глобални, регионални, национални и локални напори, Милениумските Развојни Цели го спасија животот на милиони луѓе и условија подобрени услови на живот за дупло повеќе луѓе, со надеж да се чини нешто повеќе во иднина. Податоците и анализата претставени во извештајот за нивната имплементација, креиран во почетокот на 2015 година докажа дека со насочени интервенции, звучни стратегии, адекватни ресурси и политичка волја, дури и од најсиромашните земји може да се направи драматичен и невиден напредок. Во него исто така, се признаваат достигнувањата и недостатоците во многу области на работа која се предвиди да се заврши во новата стратегија за развој, те.е новите Милениумски развојни цели (со важност 2015-2030 година). Имено тоа, главни точки на новите глобални цели се: стравање крај на сиромаштијата, гладот, невработеноста ​​и нееднаквоста во светот. Тоа е и повеќе од амбициозна агенда на Милениумските развојни цели (МРЦ), званично свечено договорени од страна на 193 држави од светот (вклучувајќи ја и Република Македонија) во Септември 2015 година во седиштето на Обединетите Нации. Агендата е зголемена на 17 нови цели за одржлив развој, или како што ги нарекуваат ООН - глобални цели, а ќе бидат и се водилка за креирање на глобалната политика и финансирање за следните 15 години, до 2030 година.  

    Глобалната мобилизација од сите актери и чинители на светската сцена за „Милениумските Развојни Цели“ („UN Millennium Development Goal’s“) го има произведено најуспешното движење за борба против сиромаштијата, достоинството на човекот и можноста за просечна заработувачка во историјата досега. Тие генерираа нови и иновативни партнерства, поиновативни идеи во јавното мислење, а покажаа и огромна вредност на поставување амбициозни цели за напредок, развој на државите и општествата, и пред се за долгорочно одржливо унапредување. Со ставање на луѓето и нивните непосредни потреби на првите редови, МРЦ преобликуваа сосема нов стил на донесување на одлуки во развиените држави, но и во државите во развој. Сепак, и покрај значајните придобивки, треба сосема да свесни дека нееднаквостите сеуште се пројавуваат насекаде во светот и дека постои нерамномерен напредок. Затоа со новите развојни цели 2015-2030 година, напредокот треба да има тенденција да се опфатат оние кои се најниски на економската скала или пак се обесправени бидејќи на нивната возраст, попреченост или етничка припадност има основ на дискриминација. Но, дополнителниот напредок бара непоколеблива политичка активизација, и колективно од страна на сите држави и региони (како регионот  на југоисточна Европа) да направат долгорочен напор за нивно целосно исполнување. Новите пост-2015 цели за развој, вклучувајќи збир на цели за одржлив развој, се стремат да ги изградат успесите во сите држави рамномерно, заедно, држејќи се цврсто на патеката кон повеќе просперитетен, одржлив и правичен напредок.  

      Сега, во новата фаза на новите МРЦ 2015-2030, треба да се премести светот кон одржлив пат на напредок.  Оваа нова развојна агенда се однесува за сите земји, нации, држави, региони и националности, промовирајќи мирни и инклузивни општества, создавајќи подобри работни места и справувајќи се со еколошките предизвици на нашето време, особено климатските промени. На самиот крај од 2015 година светските лидери постигнаа глобален договор за климатските промени на конференцијата во Париз за климатските промени, догоговор кој официјално текстот беше усвоен на 13 Декември 2015 година со 54 поглавја за заптита на планетата. Потребните податоци за подобар мониторинг и евалуација, како и за успешна имплементација на милениумските развојни цели – преточени преку континенталните, регионалните и националните стратегии за напредок, во иднина ќе се заедничка одговорност на владите, меѓународните и регионалните организации, приватниот сектор и граѓанското општество.          

       Споредбено гледано, Глобалната стапка на невработеност (ГСН) се зголеми од 170 милиони во 2007 година на околу 202 милиони во 2012 година, од кои околу 75 милиони се млади, и жени и мажи. Скоро 2,2 милијарди луѓе живеат под линијата на сиромаштија, а стручните служби предупредуваат дека искоренувањето на сиромаштијата е можно само преку стабилни и добро платени работни места. За тоа потребни се глобално 470 милиони работни места за новите учесници на пазарот на работна сила, во периодот помеѓу 2016 и 2030 година. По глава на жител за да се се одржи економскиот раст во согласност со националните услови и, особено да се одржи  најмалку 7 отсто раст на бруто-домашниот производ на годишно ниво во најмалку развиените земји потребно е целосно оваа бројка на ново вработени за да постичне за предвидениот период, без никакви одложувања. Може да се постигне повисоко ниво на економска продуктивност преку диверзификација, технолошка надградба и иновации, вклучувајќи фокусирање кон високо додадена вредност на економијата и трудо-интензивните сектори.

    Имено тоа, промовирањето на  развојни политики ориентирани кои поддржување на  продуктивни активности, создавање на пристојни работни места, претприемништво, креативност и иновативност и поттикнување, формализација и раст на малите и средните претпријатија, вклучувајќи го и пристапот до финансиски услуги се ориентираните цели кои целосно се содржат во регионалната „Стратегија за југоисточна Европа 2020“, како дел од милениумските развојни цели. Подобрувањето треба да биде на прогресивно ниво до 2030 година почнувајќи од периодот до 2020 година и задирајќи до 2030 година, т.е. во пост-стратегискиот период, со креирање на нова стратегија за развој до 2030 година и на ниво на Европската Унија, и на ниво на регионот на југоисточна Европа. Исто така до 2030 година на ниво на разгледуваниот регион на југоисточна Европа треба да се постигне целосно, пристојно и продуктивно вработување и пристојна работа за сите жени и мажи, вклучувајќи ги и младите луѓе и лицата со посебни потреби, како и еднаква плата за еднаква работа Се рабира ако се разгледува од гледен аспект на „Стратегијата“, од 2020 година значително со намален процент на невработеност, до идеалниот 0.9%.   

   Во соодносот помеѓу милениумските развојни цели на ООН и „Стратегија за југоисточна Европа 2020“ екплицитно е дека процентот на младите кои се во процес пред вработување мора да имаат соодветна и целосно опфатна квалитетна обука и образование. Во овие цели потребно е да се преземат итни и ефикасни мерки за искоренување на принудната работа, трговијата со луѓе и да се обезбеди забрана и елиминација на најлошите форми на детски труд, а до 2025 година да се стави крај на експоатација на детскиот труд во сите негови форми. Заштитата на правата на трудот и промовирање на сигурна и безбедна работна средина за сите работници се целите кои исто така се опфатени како заеднички за двата клучни двигатели: и „Стратегијата“ – на регионален план за југоисточна Европа и „Милениумските развоји цели“ – глобално.

      Во продолжение, во согласност со милениумските развојни цели, во „Стратегијата“ се наведува дека треба да се изготват и да спроведуваат политики за промовирање на одржлив туризам кои креираат работни места и ја промовираат локалната култура (преточена во новиот вид на дипломатија: културната дипломатија) и производи. Зајакнувањето на капацитетите на домашните финансиски институции за да се охрабри и да се прошири пристапот до банкарство, осигурување и финансиски услуги за сите е исто така пристап кој е од есенцијално значење за регионалниот напредок, а во тој на големи врати и преку големи проекти се вклучува и Република Македонија. Исто така треба да се зголеми помошта за трговија за земјите во развој, особено во најнеразвиените земји преку техничка помош за најмалку развиените земји. Но најважно според мене е тоа што, за прв пат во историјата: до 2020 година, треба да се развие и да се операционализира Глобалната стратегија за вработување на младите и да се изврши спроведување на Глобалниот пакт за работни места на Меѓународната организација на трудот (за чие што спроведување се наведува и подоцнежната 2025 година).

      Од друга страна, и глобалните, но за нас најважно и регионалните, на ниво на регионот на југоисточна Европа заедно со оние на Европската Унија политики за социјална заштита играат клучна улога во реализација на човековото право на социјална сигурност за сите, за намалување на сиромаштијата и нееднаквоста, и за поддршка на инклузивниот раст, преку мерките за: зголемување на човечкиот капитал и продуктивност, поддршка на домашната побарувачка и олеснување на структурната трансформација на националните економии. Овој предводник и истовремено и иден предизвик на Меѓународната организација на трудот чини да: (I) обезбедува глобален преглед на системите за социјална заштита, нивната покриеност и бенефициите кои се нудат, како и јавните расходи за социјална безбедност; (ii) следствен пристап на животниот циклус, подароци за социјална заштита за деца, за жени и мажи во работоспособна возраст кон старите лица; (iii) ги анализира трендовите и неодамнешните политики, (на пример, негативните влијанија на фискална консолидација на глобален план), како и мерките за адаптација; и (iv) да повикува на проширување на социјалната заштита во извршување на мерки при обновување на кризна состојба, и вршење дејства за инклузивен развој и социјална правда. Имено тоа, на глобален аспект потребата за социјална заштита е широко призната како основно човеково право на социјална сигурност, но од друга страна таа сепак останува неисполнета за голем дел од населението во светот. Само 27% (проценти) од светската популација уживаат пристап до сеопфатни системи за социјално осигурување, со тоа што 73% (проценти) се покриени делумно или воопшто не се. Недостигот на пристап до социјалната заштита претставува главна пречка за економскиот и социјалниот развој на државите ширум светот, за жал не исклучувајќи го и регионот на југоисточна европа. Несоодветни или отсутни дејствија за покриеност на социјалната заштита е поврзан тренд со високи и постојани нивоа на сиромаштија и економска несигурност, растечки нивоа на нееднаквост, недоволни инвестиции во човечки капитал и човечки способности, како и слаба агрегатната побарувачка и понуда на работна сила на пазарот на труд – онаа која што треба да ја подига економијата и општото социјално добро. Затоа, социјалната заштита е клучен елемент при креирањето, имплеметирањето и следењето на успешноста на националните стратегии за промовирање на човековиот развој, политичка стабилност и инклузивен раст, во заемност со човековиот труд, зголеменото вработување и одржливите работни места кои придонесуваат директно за згомеување на економската стабилност.

   Од аспект на гледање за Република Македонија, усвоената препорака од Меѓународната организација на трудот во 2012 (број 202), одразува консензус за продолжување на социјална сигурност и заштита, развој и унапредување на трудоинтензивните работни места, како и за трипартитното ниво на договарање постигнати помеѓу владите и: работодавачите и организациите на работниците од 185 земји на сите нивоа на развој, вклучувајќи ги и државите од регионот на југоисточна европа. Сепак, иако има глобален тренд кон продолжување на социјалната заштита, особено во земјите со среден приход, ефективноста на социјалните системи за безбедност во голем број на земји е во ризик како резултат на мерките за фискална консолидација и прилагодување.

        Во однос на демографските показатели и демографската социјална политика, и ЕУ, но и регионот на Југоисточна Европа ќе треба да се справи со стареењето на популацијата, со депопулацијата, и со позитивното зголемување на наталитетот на начин кој нема да дозволи да се казнат следните генерации. Имено, треба да се изнајдат етички одговори на големите предизвици на научниот и технолошкиот напредок, особено во биотехнологијата, истовремено гарантирајќи ја безбедноста на граѓаните, без да им се наштети на нивната слобода. Од аспект за социјалната политика, демографскиот развој е клучен фактор што влијае врз понудата на работна сила, врз успешноста на давање на социјални услуги и социјална заштита, врз успешноста на работењето на компаниите, исто така се бара за различни видови на стоки и услуги, а со тоа влијае на целата економија. Според Државен завод за статистика на Република Македонија и според Министерство за труд и социјална политика (спроведени интервјуа), еден од главните прашања е да се идентификува процесот на стареење во државата и да се процени идниот развој на работна сила со текот на времето, со што би се влијаело и врз погоре споменатите процеси, сразмерно. Овозможената прогноза според одделни аспекти на анализа превзема целосна можност да ја замени долгорочната демографска прогноза, но сепак статистичката значајност обезбедува соодветни информации за понатамошен можен развој и успешно долгорочно одржливо унапредување на демографијата во државата, а според тоа, и во регионот со размена на податоци помеѓу државите од регионот (метод кој е баран во регионалната „Стратегија за југоисточна европа 2020“), метод кој покрај тоа што зародишот на економската и траспортната заедница на регионот на југоисточна европа е започнат во Јули 2017 година, сепак сеуште не се спроведува во целост за сите држави од  регионот. 

 

To be informed of the latest articles, subscribe:
Comment on this post

Blog archives

We are social!

Recent posts