Overblog
Edit post Follow this blog Administration + Create my blog

slavko.zharkov.over-blog.com

slavko.zharkov.over-blog.com

Научно-истражувачки блог на Славко Жарков


Културно, опшествено, морално-етички и економско-социјално обединети и поврзани Балкан и Европа – есенцијално значајни за одржлив развој и напредок на светот, водејќи се по принципот на соседството

Posted by Научно-истражувачки блог на Славко Жарков on January 15 2018, 20:26pm

      Балканот од дамнешни денови се одразувал со високо ниво на етика и морал, што може да се каже, ако се замисли дека етиката проникнува корени и никулци уште од антиката, еден од трите места, столбови каде таа се изучувала и практикувала, е и Балканскиот полуостров. Грижата за човековите дела, особено за уметничките, како и за моралноста на човековото дејствување имаат иста основа. Таа основа е митолошкото сфакање кон добрите, убавите нешта. Во дамнешните времиња, кога луѓето се труделе да ја објаснат смислата и силата на човековата креативност, тие ја замислувале преку божествени суштества, кои во човекот ја поттикнуваат и ја оддржуваат тензијата на доброто творење. А преку тоа, тие божествени суштества, преку луѓето ги давале на светот најдобрите принципи и кодекси на однесување. Имено, Сократ го обмислил и применил овој метод за прв пат за да дојде до вистината и да го искористи во образование на несвесните за тоа. Тој вешто ги поставувал онака прашањата и ги изнесувал своите ставови, при што соговорникот го кажувал она што го мисли, полека и сигурно се обликувала вистината за неке прашање, се добивало решението на проблемот, и се добивало целосно сознание – морално однесување, кое во тоа време сеуште не било впишано во некои етички кодекси на овие простори. Сепак првиот пишан кодекс на однесување го направил неговиот ученик Аристотел, кој што го продлабочил неговото сознание, а го впишал за да не биде заборавено од бремето на историјата, во неговите научни дела, посебни кодекси и книги. Всушност, покрај славната двојка Платон – Аристотел, на  Балканот, токму од грчките стоици е родена идејата за космополитизмот, т.е. свеста за единство на сите луѓе на светот.

   По неколку стотици векови низ историјата, еден од најекспонираните и најзначајните личности за поврзувањето на луѓето и мислењето за нивносто добро, се браќата, светците Кирил и Методиј. Родум од Солун, во една мешана национална средина, тие се школувале во тогашен Констатинопол – духовен, политички и сеопшт центар на многу народи. Тие добивале задача да служат и да создадат словенска азбука и писменост кај словените и со тоа да ги привлечат кон развиената цивилизација. Сепак, од нив зависел пристапот. За среќа на историјата на Балканот, тие настапиле со духот на културната рамноправност. Па одкога ја завршиле својата задача, и пред папата и кардиналите го правдале своето дејствување, во прочуената дискусија во Венеција, тие ја изнеле идејата за рамноправноста на сите јазици подеднакво, што според нив било Божја волја и капацитет што тој им го дал на луѓето за да ги разберат вистинските вредности, меѓусебно да се разберат и чујат. По ова нивната дејност продолжуваат да ја вршат од градот Охрид, а на светски рамништа тие двајца просветители од нашиот регион чие што влијание и углед се распространети насекаде, се прогласени денес за светци штитеници на Европа (*а самото мото „обединети во различностите“ на Европската Унија, потекнува токму од нив, за јазичното и културното обединување во разликите).

        Имено тоа, таква културна разновидност и универзалност има во многу градови од Балканот, како што се Мостар во БиХ, Риека во Хрватска, Пеќ и Апатин во Србија, а може да се види и во Република Македонија – во Охрид, како еден од големите културни и духовни центри на Балканот. Во Охрид, покрај Свети Климент и Наум, во понови времиња, како за прв светец е прогласен Свети Еразмо. Покрај тоа, во охрид пред 146 години е роден литературниот гениј Глигор Прличев, кој што создаде многу културни дела. Во своето творештво пишувал на македонски, но и на албански, на букарски и на грчки јазик, при што е единствениот кој што бил странец (не Грк), а кој што го добил ловоровиот венец за втор Хомер. Во минатото столетие, т.е. минатиот век на сите добро познатата и насекаде почитуваната Мајка Тереза е родена во Скопје од етничко албанско семејство, која потоа преминува во Калкута, Индија за да служи на сиромашните и изнемоштените. Нејзината надалеку позната реченица е модерната колевка на етиката и моралноста на Балканот, дека можеме да правиме само малечки нешта, но со голема љубов, за која што се потребни исправни емоции, добра волја и сосредоченост кон другиот близу нас.

      На нашите простори на Балканот, имало и има визионери и дејци кои ги поврзувале народите во овој регион. Меѓусебните врски и меѓусебната размена се реалност на овие простори, почнувајќи од нашите семејни, културни, дејствени и интелектуални поврзаности, па се до оние кои ги бара денешницата: трудовите, работничките, сценските, едукативните, економските и бизнис поврзаностите.

     Сепак, во новата Европа, а со тоа и југоисточна европа, се истакнуваат некои одредени вредности како срцевина на европскиот начин на живеење, т.е. основата за создавањето на Европската Унија и насоките на нејзиното натамошно развивање. Низ тие вредности се развива истовремено и силната позиција на Европа во Современиот свет. Така и Европските вредности денес настојуваат да бидат универзални за да можат да бидат разбрани и следени во сите други региони и да даваат придонес кон развитокот на светската целина.

       На Балканот и секоја држава која е составен дел од него, традиција треба да биде да се воспоставува дијалог за прашањата кои се на тапет, а од кои што можат да ги разгорат или смират страстите, а со тоа и да се затворат оние старите причини за често нејасните извори на конфликти. Иако во моментот на пишувањето, се чини дека тоа сеуште во целост не е возможно, сепак сите држави од регионот имаат по барем една случка или повеќе што се карактеризира со нивно пријателско поврзување, заедничко прифаќање на некои етички кодески, па дури и обединување. Низ историјата, реалноста на поделениот и разделен Балкан, често ја придвижуваше и ја придвижува визијата за неговото обединување, заедничко застапување пред светот глобално, и заеднички грижејќи се за сите граѓани кои што живеат во него. Секој од Балканските народи, во секоја ситуација и во било кое време од историјата добивале помош од некои од соседните други балкански народи. Тој придонес и таа поврзаност мора да биде капиталот по кој ќе се водиме, како пријателски народи.

    Соседството пак, е исклучителна тема за осознавање и проучување. Овде покрај поимот на дијалогот, станува збор и спознавање на особениот квалитет на оној другиот веднаш до тебе, како сосед, што резултира со блискост меѓу луѓето и со воспоставување на нивни специјални односи. Соседството има големо човечко значење бидејчќи ние не сме осамени на светот, а соседите како народ, но и како единки се првите до нас од човековиот род.  Тие се дел од нашето живеење во еден ист простор и со исто време. Нашите домови се блиску, се допираат, а со тоа и нашите животи, обичаи, верување, и етика и морални вредности. Меѓусебната поврзаност помеѓу соседите е од есенцијално значење бидејќи јасно и недвосмислено прикажува како се зближуваат луѓе со различно потекло и со нееднакво богатство, луѓе со различни знаења и интереси, луѓе од повеќе генерации и со поинакви погледи, па дури понекогаш и со различна култура и сфакања. И напротив, овие разлики не прават пречка тие луѓе да се запознаваат, да станат блиски, да имаат заеднички видувања, проекти,  да се здружуваат кон соработка, и да живеат во слога.  

      За државите од Балканот, битната „Стратегија за Југоисточна Европа 2020“ сместува целокупен акцент на решавање на некои од клучните социјални и хронични економски проблеми во регионот на југоисточна Европа. Во согласност со главните полиња на таргетирање за паметен раст, универзален и одржлив развој, „Стратегијата“ дефинира главна цел на постигнување на висок и одржлив економски раст преку поголема конкурентност надвор од овој регион, со здружени сили на социо-економското и трговското поле на развој. Исто така, преку посилна регионална соработка и интеграција со Европа за да се доведе до крајната цел: креирање на одржливи и на повеќе работни места кои создаваат услови за зголемувањето на просперитетот во регионот.  „Стратегијата“ разгледувана од аспект на етичките и моралните принципи кои што владеат во модерниот свет, а тие се принципите на универзалност, објаснети погоре, треба да направи подобрувања за сите држави и единки кои што живеат во нив на регионот на Југоисточна Европа и тоа на: социо–економско унапредување, граѓанско–културолошко приближување, како и пристапување кон здрава економија која што ќе придонесе за значително подобрување на социјалната благосостојба на луѓето кои се наогаат во наведените простори. Во својата срж, „Стратегијата за Југоистична Европа 2020“ поставува визија за нова патека на државите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) и за развој што треба да го поттикне просперитетот и отворањето на нови работни места во регионот, а истовремено подвлекувајќи ја европската перспектива за иднина на регионот. Граѓаните, граѓанските организации и владите на сите држави во регионот на ЈИЕ, согласно стратегијава, имаат поставено за себе амбициозни национални цели за зголемување на животниот стандард и благосостојба на населението, за создавање на подобра средина за бизнис и инвестиции, како и за поддршка на генерациски комодитет и на се повеќе пристојни работни места. Ова тесна соработка помеѓу владите, граѓаните и сите чинители од овој регион, вклучува широк спектар на опции за поврзани активности за заедничките иницијативи како што се: споделување на информации; учење преку спроведувањето на политика; споделување на добри практики; меѓусебна соработка во и на иницијативите на другиот; и преземање на заеднички иницијативи во области каде што има блиску сличност на целите.

    Денешните Европски вредности ги изразуваат етичките, социјалните, политичките  и општествените визии и цели, определби и норми на живеењто во сегашната и во идната Европа. Идејата за обединета Европа и обединет Балкан е вредносна, етичка во својата срж. Европа како унија и Балканот како целина, и сите форми на европска интеграција ги олицетворуваат идеите на просветителите и визионерите и мислителите дека е од клучно значење европските народи да постигнат единство во духот и во дејствувањето. Овде, секако е вклучена и потребата да се достигне висок степен на хуманост и развиена култура, како базичи својства на човекот во модерната епоха. Современоста на денешното живеење, во Европа изградува систем на вредности кои треба да соодејствуваат на новите европски вредности, пред се на: социјалните, општествените, економските, политичките и безбедносните вредности и тенденции.

 

To be informed of the latest articles, subscribe:
Comment on this post

Blog archives

We are social!

Recent posts